Холивудски ѕвезди што ги следи „оскаровската клетва“: Уништени кариери, семејни проблеми

Хали Бери

Хали Бери стана првата афроамериканка која освоила Оскар, и тоа во 2002 година за улогата во Monster’s Ball.

Потоа се појави во неколку филови од франшизата X-Men, но не само што не го повтори истиот успех, туку доби и Златна малина за најлоша актерка за улогата во Catwoman.

holivudski-dzvezdi-shto-gi-sledi-oskarovskata-kletva-unishteni-karieri-semejni-problemi-05.JPG

Ким Бесинџер

Откако освои Оскар за улогата во L.A. Confidential, Ким Бесинџер како да снимаше само потпросечни филмови.

Од поново време најпознати наслови во кои се појавила се продолженијата од серијалот Fifty Shades кои се сметаат за едни од најлошите филови на сите времиња.

Ким имаше проблеми и приватно, како скандалозниот развод со Алек Болдвин и жестоката битка за старателство над нивната ќерка.

holivudski-dzvezdi-shto-gi-sledi-oskarovskata-kletva-unishteni-karieri-semejni-problemi-6.JPG

Метју Меконахи

Метју Меконахи имаше низа импресивни улоги, како во филмот Interstellar и првата сезона од серијата True Detective.

Интересно е и што актерот успеа да се ребрендира, односно целосно да се оттргне од романтичните комедии што го прославија и да се фокусира на сериозни улоги.

Но, откако освои Оскар за улогата во Dallas Buyers Club, имаше две-три добри улоги и потоа како да исчезна.

Актерот спомна и дека со сопругата Камила сакаат да ја напуштат Калифорнија и да се преселат во Тексас.

holivudski-dzvezdi-shto-gi-sledi-oskarovskata-kletva-unishteni-karieri-semejni-problemi-07.JPG

Харолд Расел

Харолд Расел е воен ветеран кој во Втората светска војна ги изгубил двете раце.

Во 1947 година првпат се појави во филм каде што глумеше воен ветеран и веднаш освои Оскар.

Потоа направи пауза од цели четири децении, па се појави во две серии кои не постигнаа некој голем успех.

Во меѓувреме, неговата сопруга имала сериозни проблеми со здравјето, па за да може да ѝ ги плати сметките, ја продаде статуетката за околу 60.000 долари.

holivudski-dzvezdi-shto-gi-sledi-oskarovskata-kletva-unishteni-karieri-semejni-problemi-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Педро Паскал „уловен“ како се гушка со дечко, бивши на друг познат актер (фото) Осамнаа папарацо фотки како Педро Паскал разменува нежности во неделата со бивши...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg