Холивудски ѕвезди што ги следи „оскаровската клетва“: Уништени кариери, семејни проблеми
- Детали
- недела, 15 март 2026
Откако двапати освои Оскар за најдобра актерка во главна улога, Хилари Свонк не го повтори успехот, а мораше да направи пауза од кариерата за да се грижи за татко ѝ по неговата трансплантација на бел дроб.

Оскарот се смета за најголемото признание што може да го добие еден актер (или режисер, сценарист и слично).
Но, за многу добитници на Оскар, престижната награда како да го означила почетокот на нивниот пад.
Релативно често се случувало оскаровците да се соочат со професионални, но и проблеми во приватниот живот откако ќе ја освојат статуетката. Или, барем нивната кариера да стагнира и никогаш повторно да не постигнат значаен успех.
Па, постои „урбана легенда“ дека ова е резултат на таканаречената „оскаровска клетва“.
Дел од оскаровците кои се соочиле со „проклетството на Оскарите“:
Хилари Свонк
Хилари Свонк двапати освои Оскар за најдобра актерка во главна улога – во 2000 и во 2005 година.
Но, оттогаш како да не добила позначајна улога.
Актерката беше присилена да направи и тригодишна пауза, од 2014 до 2017 година, за да се грижи за нејзиниот татко, по трансплантација на белиот дроб.
За жал, татко ѝ почина, а кариерата на актерката не се подобри.
Адриен Броди
Адриен Броди стана најмладиот актер кој добил Оскар за најдобар актер во главна улога – во 2003-та, тој ја доби статуетката за изведбата во The Pianist.
Оттогаш се има појавено во неколку филмови на Вес Андерсон, но јавноста како да заборави на него.
Сепак, се чини дека за него проклетството завршило бидејќи доби уште еден Оскар за улогата во The Brutalist од 2024-та.
Засега не е познато дали работи на нешто ново.
Мајкл Кимино
Мајкл Киминио го режираше филмот The Deer Hunter кој во 1979 година освои дури пет Оскари, вклучително и за најдобра режија.
Но, следниот филм на режисерот, Heaven’s Gate, беше вистинско промашување.
Филмот беше пречекан толку лошо, што го банкротира студиото кое стоеше зад него.
Истовремено, како засекогаш да го „оцрни“ вестерн жанрот, а беше и причина зошто режисерите ја изгубија целосната креативна контрола над нивните филмови.
На крај, режисерот Мајкл се најде на црната листа на Холивуд, а за целата драма, Мартин Скорсезе има изјавено:
„Heaven’s Gate нè уништи сите. Веднаш знаев дека е крај на една ера, дека нешто умре“.
