По болно раскинување, неколку години е сингл: Зошто таинствениот Мајкл Б. Џордан бега од љубов?

„Тазе“ оскаровецот Мајкл Б. Џордан е сингл од 2022-ра, откако раскина двегодишна врска со жена што ја сметал за вистинската. Актерот одбива да го коментира неговиот љубовен живот, но извори блиски до него велат дека толку тешко се справил со разделбата, што сега е целосно посветен на работата, иако некогаш се чувствувал осамено.

po-bolno-raskinuvanje-nekolku-godini-e-singl-zoshto-tainstveniot-majkl-b-dzhordan-bega-od-ljubov-01.jpg

Мајкл Б. Џордан ја започна актерската кариера уште во 1999 година, со многу мали улоги во серии како Cosby и The Sopranos.

Почна да привлекува повеќе внимание во 2002 година, откако доби мала, но значајна улога во хит-серијата The Wire.

Оттогаш, полека но сигурно, актерот успеа да изгради успешна кариера, за годинава да освои Оскар за најдобар актер во главна улога за импресивната изведба во Sinners.

po-bolno-raskinuvanje-nekolku-godini-e-singl-zoshto-tainstveniot-majkl-b-dzhordan-bega-od-ljubov-.JPG

Иако веќе ужива статус на светски позната ѕвезда, актерот си ја цени својата приватност, особено кога е во прашање неговиот љубовен живот.

И, без разлика што моментално важи за еден од најголемите холивудски заводници, актерот подолг период е сингл, наводно бидејќи тешко ја преболел последната врска.

На Оскари 2026, 39-годишниот актер дојде со неговата мајка Дона Џордан.

И претходно, на доделувањето на SAG наградите (каде исто така доби статуетка), актерот присуствуваше со мајка му, а во говорот кога ја примаше наградата ѝ се заблагодари токму неа.

„Мамо, ти благодарам што ме возеше до и од Њујорк, кога немаше доволно пари“, изјави Мајкл, а потоа и ја бакна мајка си во чело.

po-bolno-raskinuvanje-nekolku-godini-e-singl-zoshto-tainstveniot-majkl-b-dzhordan-bega-od-ljubov-4.JPG

Впрочем, изминативе неколку години актерот не се појавил на настан со партнерка, туку најчесто ја носи мајка си.

Сепак, иако мајка му и татко му биле пресреќни што е толку близок со нив, извори велат дека се надевале дека ќе најде љубов.

„Неговите родители би сакале да сретне некој, но сепак се среќни што тој е среќен и ја почитуваат неговата одлука да не брза“, вели изворот.

Што знаеме за љубовниот живот на оскаровецот?

Мајкл немал сериозна врска откако раскина со моделот Лори Харви во 2022-ра, по околу две години заедно.

Актерот сметал дека Лори е вистинската и целосно ѝ се посветил на врската, па бил скршен кога раскинале.

„Пред неа го тргна штитот и првпат во животот беше емоционално отворен во врска.

Имаа навистина убави мигови и го истакнуваа најдоброто од себе кога беа заедно“.

po-bolno-raskinuvanje-nekolku-godini-e-singl-zoshto-tainstveniot-majkl-b-dzhordan-bega-od-ljubov-6.JPG

Но, Мајкл и Лори биле во различни фази од животот и ова било пресудно за да раскинат.

Додека Мајкл тешко се справил со разделбата, Лори, која е ќерка на комичарот Стив Харви, се чини дека лесно го преболела.

Само шест месеци подоцна, таа почна врска со актерот Дамсон Идрис и уште е со него.

po-bolno-raskinuvanje-nekolku-godini-e-singl-zoshto-tainstveniot-majkl-b-dzhordan-bega-od-ljubov-03.JPG

Мајкл, од друга страна, по разделбата решил целосно да се посвети на работата и како да почнал да се плаши од сериозна врска.

„Мајкл навистина се трудеше за врската со Лори, но не успеа. Со Лори гледаше иднина, семејство, но таа е помлада од него и според неа, работите се одвиваа пребрзо.

Штом не успеа со Лори, за која веруваше дека е вистинската, Мајкл сфати дека е подобро да се фокусира само на работата. И, гледајте што му донесе тоа – номинација за Оскар (а сега и победа).

Сега му е тешко да оди на состаноци бидејќи не знае дали ќе сретне некој со истиот животен стил, со истите цели. Не сака да биде сингл, но сега животот му е таков. Веројатно ќе остане сингл уште долго“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg