По болно раскинување, неколку години е сингл: Зошто таинствениот Мајкл Б. Џордан бега од љубов?
Иако по разделбата од Лори немал сериозна врска, актерот самиот откри дека во 2023-та почнал да ја користи апликацијата за состанување за славни – Raya.
Не е познато дали успеал да сретне некој преку апликацијата, но во март минатата година беше забележан со актерката Тејлор Расел.
Сепак, бидејќи тој период работеа на ист филм, поверојатно е дека се само пријатели.
Но, откако по некое време Тејлор Расел го напушти проектот, повторно се разгореа шпекулациите дека биле заедно, па раскинале.
„Знам што се случило, ова е приказна стара колку времето… Кога се снима филм, луѓето се зближуваат, можеби премногу. И, потоа се случуваат работи“, има споделено извор.
Други извори негираат дека Мајкл бил во врска со Тејлор, како и дека актерот е многу приватен кога е во прашање неговиот љубовен живот.
„Многу е таинствен кога станува збор за жени бидејќи сака да се увери дека се со него од добра причина.
Ситуацијата со Лори го натера повеќе да се грижи за својата приватност, бидејќи не му се допаѓаше тоа што раскинувањето беше во сите медиуми“.
Самиот актер воопшто не го коментира неговиот љубовен живот, но има изјавено дека понекогаш се чувствувал осамено.
„Не секој ja разбира мојата положба… Од една страна сакам да сум во врска, а од друга не знам кој партнер е најдобар за мене.
Не е важно само да се сакаме, не е толку едноставно“.
Извори блиски до актерот додаваат и дека тој сега е мошне пребирлив ако треба да излезе на состанок.
Инаку, пред врската со Лори, Мајкл бил поврзуван и со други славни жени.
Во 2015-та се шпекулираше дека се гледа со Кендал Џенер, откако беа забележани на забава по Мет галата. Сепак, актерот подоцна сподели дека Кендал му е само пријателка.
Во 2019-та го поврзуваа со актерката Кики Лејн бидејќи биле забележани како флертуваат на филмскиот фестивал Санденс.
Мајкл се нема огласено за овие шпекулации.
Неколку месеци подоцна го поврзуваа и со францускиот модел Синди Бруна. Како и обично, актерот не се огласи ни за оваа наводна врска.
Потоа, во 2020-та, почна врска со Лори Харви, а откако се разделија во 2022-ра, актерот е уште потаинствени.
Спирова С. | Црнобело
