Никола Пелц загрижува со преслабиот изглед – има 45kg и држи строга диета за филм
- Детали
- петок, 03 април 2026
Никола Пелц сега имала нешто помалку од 45 килограми, а ова е резултат на напорниот тренинг и строгата диета за улогата во филмот Prima каде што глуми балерина. Не е позната точната висина на Никола и според разните извори е помеѓу 166 и 171 сантиметар, но во секој случај, јавноста изразува загриженост за нејзиниот нов изглед.

Никола Пелц отсекогаш била послаба, но сега почна да предизвикува загриженост со изгледот.
31-годишната наследничка се подготвува за нејзиниот нов филм – Prima – каде што глуми балерина.
За потребите на улогата, тренира напорно, но сподели и дека драстично ослабела, па сега имала нешто помалку од 45 килограми.
Претходно нејзината тежина била околу 55 килограми.
Не е позната точната висина на Никола и според она што е достапно во јавност, има помеѓу 166 и 171 сантиметар. Но, која и да е точната бројка, голем дел од јавноста смета дека со новата тежина веројатно си го загрозува здравјето.
Вчера (02.04) Никола сподели фотка на Инстаграм Стори по третман со лимфна дренажа, а доби комплименти за изгледот, но и предупредувања од загрижени фанови.
Претходно таа сподели фотка од тренинг за новата улога каде што изгледа послабо од кога било.
На објава од почетокот на март, младата богаташка носи само хулахопки и штикли, а си ги покрива грдите со рацете, а и на оваа фотка доби коментари од загрижени следбеници.
Додека некои велат дека не треба да ги коментираме туѓите тела, други велат дека не е во ред што екстремно слабиот изглед на Никола од последниов месец се нормализирал.
Никола не крие дека ослабела многу, а покрај тренингот, сподели дека следела и многу строга диета.
Пред да ја добие улогата, пак, Никола имаше изјавено дека јадела „како 10-годишно дете“.
