Никола Пелц загрижува со преслабиот изглед – има 45kg и држи строга диета за филм
Никола сподели дека денот го почнувала со лате со млеко од овес. Најчесто го прескокнувала појадокот, но понекогаш јадела мафин.
Вели дека омилена храна ѝ биле палачинки и вафли и често ги јадела за ручек.
„Мислам дека звучам како десетгодишно дете кога зборувам за мојата исхрана!
Дефинитивно сакам благо, никогаш не одбивам десерт. Исто така не смеам да јадам многу млечни производи, но сепак ги јадам бидејќи ги сакам“.
Никола вели и дека никогаш не готви, туку оваа обврска му припаѓа на сопругот Бруклин Бекам кој пробува да стане готвач.
„Бруклин е тој што готви, а јас сум ужасен готвач. Единствено можам да направам салата“.
Факт е дека Никола и Бруклин минуваат низ стресен период, кога ќе се земе предвид караницата со Бекамови.
Па, некои шпекулираат дека Никола можеби драстично ослабела и поради тоа.
Сепак, извори блиски до надежната актерка тврдат дека ова е резултат на строгата диета и напорниот тренинг за нејзината нова улога.
Раскошниот живот на Бруклин и Никола Пелц: Одмори со приватни авиони, вина кои чинат колку еден стан
Спирова С. | Црнобело
