Детали за врската на Бруклин Бекам што заврши катастрофално: Ги разделуваше обезбедување, и таа ги мрази Бекамови

Кратко пред да ја почне врската со Никола Пелц, Бруклин Бекам раскина 9-месечна врска со моделот Хана Крос. Нивните караници беа толку чести и јавни, што Бекамови го советувале да раскинат, а сега, пак, неговата бивша сподели дека и таа не ги сака Дејвид и Викторија, исто како него.

detali-za-vrskata-na-bruklin-shto-zavrshi-katastrofalno-gi-razdeluvashe-obezbeduvanje-i-taa-gi-mrazi-bekamovi-01.jpg

Бруклин Бекам е во среќен брак со богатата наследничка Никола Пелц.

Но, кратко пред да почне да се гледа со неа во 2019-та, Бруклин раскина со моделот Хана Крос.

И покрај лошиот крај, неодамна Хана суптилно го поддржа Бруклин во неговата караница со родителите и сподели дека Бекамови и нејзе ѝ создавале анксиозност.

detali-za-vrskata-na-bruklin-shto-zavrshi-katastrofalno-gi-razdeluvashe-obezbeduvanje-i-taa-gi-mrazi-bekamovi-04.JPG

Што знаеме за бурната врска на Бруклин и Хана?

Бруклин Бекам и Хана Крос првпат почнаа да го привлекуваат вниманието како пар во декември 2018 година.

Тогаш заедно се појавија на моден настан и Хана седеше во првиот ред на модна ревија на Викторија Бекам.

Па, веднаш почна да се шпекулира дека Бруклин е сериозен за врската штом била „одобрена“ и од родителите.

Набрзо потоа, тие ја дочекаа Нова година во домот на Бекамови од каде споделија многу фотки и видеа на Инстаграм стори.

Во наредните неколку месеци, тие редовно споделуваа објави од заеднички патувања, а доминираа фотките на коишто се бакнуваат.

detali-za-vrskata-na-bruklin-shto-zavrshi-katastrofalno-gi-razdeluvashe-obezbeduvanje-i-taa-gi-mrazi-bekamovi-9.JPG

Со ова само ги потврдуваа гласините дека врската е навистина сериозна.

Но, зад затворени врати, на Бруклин и Хана воопшто не им „цутеле рози“ и нивната врска била толку токсична, што дури и Бекамови се радувале кога раскинале.

Според извори блиски до парот, тие постојано се расправале, а имаа и неколку караници во јавност.

Во мај 2019-та во Кан, тие се скарале толку многу, што морало да интервенира обезбедувањето.

detali-za-vrskata-na-bruklin-shto-zavrshi-katastrofalno-gi-razdeluvashe-obezbeduvanje-i-taa-gi-mrazi-bekamovi-14.JPG

Тие отишле на неколку денови во францускиот град за да го посетат Канскиот филмски фестивал, а една вечер беа фотографирани како се расправаат пред нивниот хотел.

„Беше многу драматично. Отидоа во Кан на неколку денови, но почнаа да се расправаат веднаш. Хана не може да се справи со славата и парите на Бруклин, а сето ова е неизбежно кога си во врска со некој од семејството Бекам.

Испија неколку пијачки и почнаа да се навредуваат. Ситуацијата брзо ескалира, па почнаа да врескаат и да плачат. Хана му се развика на Бруклин, па се вмеша и обезбедувањето.

Дејвид и Викторија беа контактирани и знаат за инцидентот. Веќе сериозно се загрижени за нивната токсична врска“, сподели извор близок до Хана.

detali-za-vrskata-na-bruklin-shto-zavrshi-katastrofalno-gi-razdeluvashe-obezbeduvanje-i-taa-gi-mrazi-bekamovi-13.JPG

Претходно, во март истата година, Хана и Бруклин имале уште една јавна караница додека биле на забава. Во Лондон.

„Бруклин имаше испиено неколку пива, па почна да се расправа со Хана. Беше луда ноќ и беше хаос. Бруклин беше вознемирен и излезе на улица“, сподели извор близок до парот.

Истата вечер успеале да се смират, а веќе следниот ден Хана сподели фотки од нив.

detali-za-vrskata-na-bruklin-shto-zavrshi-katastrofalno-gi-razdeluvashe-obezbeduvanje-i-taa-gi-mrazi-bekamovi-08.JPG

Истата година тие беа забележани и како се расправаат на музичкиот фестивал Coahella.

Иако беа заедно помалку од една година, не недостасуваа фотки и шпекулации за нивните караници.

detali-za-vrskata-na-bruklin-shto-zavrshi-katastrofalno-gi-razdeluvashe-obezbeduvanje-i-taa-gi-mrazi-bekamovi-10.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Бруклин Бекам прозборе за семејната драма, откако се посрамоти на голф натпревар: „Имам прекрасна со... По голф натпревар на кој беше критикуван дека „нема никаков талент“, Бруклин Бек...
Колку се лоши рецептите на Бруклин Бекам (кој пробува да стане готвач откако не успеа како фотограф)... „Неговиот рецепт за правење тост во тостер ми го промени животот“, гласи саркаст...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава