Детали за врската на Бруклин Бекам што заврши катастрофално: Ги разделуваше обезбедување, и таа ги мрази Бекамови
Бруклин и Хана никогаш не откриваа зошто се расправале, но според изворите, неколку работи им создавале тензија во врската.
Најпрво, Бекамови сакале Хана да потпише договор за молчење, но Бруклин не сакал да ја натера.
Ова му го влошило односот со родителите, но создавало раздор и во нивната врска.
Истовремено, овој период Бруклин беше познат по честите излегувања и забави со алкохол – нешто што ги загрижувало и Бекамови, и Хана.
„Како и секој грижлив родител, Дејвид и Викторија се загрижени за тоа колку е лоша оваа врска. Тие му го посакуваат најдоброто на Бруклин.
Сите нивни вработени и познаници потпишуваат договори за молчење, па ја замолија и Хана да потпише. Но, Бруклин одбива и ова е навредливо за нив.
Бруклин има прекрасен живот и ужива во славата, но неговото семејство е загрижено дека ќе направи нешто лошо. Се надеваат дека ова е само фаза…“
До јуни 2019-та, караниците на Хана и Бруклин беа толку чести, што дури и Дејвид Бекам го посоветувал да размисли за врската.
„Дејвид е многу поврзан со Бруклин и загрижен е за него бидејќи постојано го гледа како се расправа со Хана.
Изминативе неколку недели имаа толку многу караници, што Дејвид сака Бруклин добро да размисли дали има иднина со неа“, сподели извор за The Sun.
Овој период Бекамови отидоа и на одмор без Хана.
„Дејвид побара од Бруклин да помине повеќе време со нив, со надеж дека ќе го разбере ќе му помогне. Знае дека младешката љубов може да биде тешка, но не сака овие јавни караници да станат нешто секојдневно.
Наместо директно да се вклучи, само сака да му даде совет на Бруклин. Но, јасно е дека моментално Дејвид не е најголемиот обожавател на Хана“, додаде изворот.
Веројатно Бруклин го послушал советот на татко му бидејќи до септември 2019-та, тој и Хана раскинаа. Бекамови, пак, биле пресреќни што ѝ дошол крајот на токсичната врска.
Неодамна, Хана даде интервју за магазинот Hello! каде што ја спомна врската со Бруклин.
И покрај нивни лош однос, таа сепак им даде поддршка на Бруклин и Никола, потврдувајќи ги нивните обвинувања.
„Времето што го минував со нив (Бекамови) ми создаваше многу анксиозност, најискрено.
Имаше предупредувачки знаци и работи што се случија во врската кои, кога ќе размислам сега, би требало да ме натераат порано да ја напуштам таа врска“.
Хана вели и дека чувствувала огромен притисок.
„Имав 20, 21 година кога се гледавме и само што ја почнав кариерата како модел. Од живот на фарма, се преселив во Лондон и веднаш почнав врска. Тешко е да одлучите што е најдобро во така ситуација“.
Хана додава дека пробувала да се дистанца од Бекамови, но поради нивните сегашни караници, се чувствувала вовлечена во целата драма.
„Медиумите пишуваат за ова и моето име се поврзува со нив, па тешко е да се оддалечам од тој период од животот, особено со нивната караница“.
Хана признава дека кога ја прочитала објава на Бруклин за родителите била шокирана, но го разбрала.
„Објавата сумира многу од моите искуства со тоа семејство и начинот на којшто гледаат сè како да е бренд“.
Спирова С. | Црнобело