Од фудбалска ѕвезда, до затвор во Парагвај за фалсификувани документи: Што се случи со Роналдињо?
Кога на пасошката контрола бил воочен проблемот, сите верувале дека Роналдињо и брат му ќе добијат само парична казна.
Но, два дена подоцна, судија наредил да бидат уапсени.
Адвокатите на фудбалерот се противеле на ова, но надлежните сметале дека Роналдињо ќе сака да ја напушти државата додека трае истрагата.
Кога го испрашувале, Роналдињо кажал дека немал поим дека пасошите се лажни – со брат му мислеле дека се „почесен подарок“.
Но, ова воопшто не објаснува зошто ги искористиле овие пасоши за да ја поминат безбедносната проверка, кога им требала само нивната бразилска лична карта.
Со ова се започна истрага бидејќи постоел сомнеж за поголем криминал, како перење пари и операција за фалсификување документи.
Биле упасени уште неколку луѓе, вклучувајќи го и едниот од бизнисмените кои им ги дал пасошите.
На прашањето која била улогата на Роналдињо во целата драма, тогашниот обвинител кој работеше на случајот изјави:
„Бизнисменот може да биде вклучен во шема со перење пари, а ова значи дека треба да ги истражиме сите луѓе кои беа поврзани со криминалното дело, вклучувајќи го и Роналдињо.
Ова е причината зошто тој треба да биде зад решетки“.
Како што се одвивала истрагата, сомнежот кон Роналдињо и брат му бил намален, па им било дозволено да одат во домашен притвор.
По четири месеци беа ослободени од обвиненијата, иако многу детали за случајот и вмешаноста на фудбалерот се матни до денес.
Но, ова не е единствениот скандал од животот на фудбалерот. Додека беше активен, за него беше познато и дека сака да се забавува.
Според негов поранешен колега, по натпревар, фудбалерот одел во Канкун со неговиот приватен авион и не се враќал по четири-пет дена.
За 32-иот роденден, пак, организирал петдневна забава во мотел – во Бразил, мотелите се гледаат како места кои се користат исклучиво за секс.
„Неговиот живот беше хаос додека играше. Но, беше брилијантен играч, па никој не го забележуваше ова“, има изјавено извор близок до фудбалерот.
Некогаш тој се појавувал и пијан на тренинзи, што му создавало проблеми.
Неколку години пред да завршат во затвор, тој и брат му добија парична казна од околу 2 милиони долари бидејќи нелегално изградиле платформа за риболов во близина на нивна куќа, лоцирана покрај природно езеро во Бразил.
Одбивале да ја платат казната, но и да ја отстранат платформата, па полицијата им ги одзеде пасошите, заедно со низа вредни предмети, како скапи автомобили и уметнички дела.
Денес Роналдињо вели дека ужива во животот и е среќен.
„Животот ми е луд. Ме викаат на секакви неочекувани авантури, бидејќи насекаде низ светот луѓето ме на гости.
Денес ништо не може да ме запре“, вели тој во документарецот.
Спирова С. | Црнобело