Емили Блант во фустан со 25.000 пердуви, Ен Хетавеј во ѓаволско црвена – Ѕвездите од „The Devil Wears Prada 2“ на премиера во Њујорк (фото)
- Детали
- вторник, 21 април 2026
Ен Хетавеј и Мерил Стрип издоминираа во ѓаволско црвени аутфити, а Емили Блант воодушеви со фустан со 25.000 рачно вметнати пердуви и накит со 300 бисери – долгоочекуваниот филм „The Devil Wears Prada 2“ ја имаше својата светска премиера во Њујорк.

Вчеравечер во Њујорк се одржа светската премиера на филмот „The Devil Wears Prada 2“, или кај нас познат како „Ѓаволот носи Прада“.
Главните ѕвезди Мерил Стрип, Ен Хетавеј, Емили Блант и Стенли Тучи издоминираа и го претворија црвениот тепих во модна писта, по повод нивното обединување по 20 години од првиот дел на популарниот филм.
Најдоминантен моден впечаток на црвениот тепих, сепак остави Емили Блант, која исто како во серијата, не си дозволува модно промашување, а на премиерата дојде со сопругот.
Таа зачекори во фустан со скулптурен дизајн на Schiaparelli од најновата колекција, за кој биле потребни 4.000 часа за изработка, а има 25.000 рачно поставени пердуви.
Стајлингот Емили го надополни со бисерно ланче и нараквица, за кои биле употребени повеќе од 300 бисери.

Мерил Стрип во свој драматичен стил се појави во Givenchy црвена, кожена наметка, искомбинирана со црни чизми, ракавици и очила за сонце.

Ен Хетавеј модно усогласена со настанот, се одлучила за ѓаволско црвен аутфит – носи Louis Vuitton фустан со впечатлив корсет, искомбиниран со црвени сандали на платформа.

Помеѓу гостите на настанот беа и Ана Винтур, Сијара и уште многу други актери и поддржувачи.
Погледнете забавни фото-споредби од четворицата главни актери на премиерата во 2006 vs. 2026:




Погледнете повеќе фотки од премиерата во 2026:
М. М. | Црнобело