Ја убедувале дека ќе може да живее само од сончева светлина: Како Мишел Фајфер завршила во култ?
Како млада и наивна девојка, Мишел им верувала, но по некое време почнала да сфаќа дека целата ситуација е по малку бизарна.
Нејзиниот тогашен сопруг, Питер Хортон, истражувал за култ што ја заинтересирал и Мишел.
И, додека самата истражувала за култот, ѝ станало јасно дека всушност и таа е дел од еден.
„Само си помислив дека и јас сум во култ!
Со сопругот разговаравме со поранешен член на култ и тој ни ја опишуваше психолошката манипулација, па ми стана јасно“, сподели актерката.
Мишел нема откриено многу детали за тоа како успеала да се оддалечи од култот, но истакнува дека тогашниот сопруг Питер ѝ бил од огромна помош.
Иако ѝ помогнал во критичен период од животот, Мишел и сопругот се разведоа по седум години брак.
Потоа таа се венча со Дејвид Е. Кили и до денес е со него.
„Се венчав со Питер на многу рана возраст. Не сум истата личност којашто бев тогаш…
Некогаш дури и заборавам дека ова ми е втор брак“, има изјавено актерката.
Спирова С. | Црнобело