Ја убедувале дека ќе може да живее само од сончева светлина: Како Мишел Фајфер завршила во култ?
- Детали
- недела, 26 април 2026
Во раните 20-ти, пред да се пробие во Холивуд, Мишел Фајфер запознала пар фитнес тренери и почнала да работи со нив. Ја ставиле на строга диета и ја уверувале дека со текот на времето, ќе научи да живее само од сончева светлина и воздух. Во меѓувреме, ѝ ги собрале скоро сите пари…

Холивудската ѕвезда Мишел Фајфер има завидна кариера и може да се пофали со три номинации за Оскар.
Но, пред да стекне светска слава, 67-годишната актерка несвесно станала дел од култ – искуство за кое вели дека ја оставило без „скршен денар“.
Низ годините, актерката неколкупати има зборувано за бизарното искуство, признавајќи дека наивноста ја довела до таква положба.
Како Мишел Фајфер завршила во култ?
Мишел се преселила во Лос Анџелес на 20-годишна возраст со надеж дека ќе се пробие во забавната индустрија.
Тој период запознала пар кој практикувал здрав начин на живот – мажот и жената вежбале, а и двајцата биле посветени вегетаријанци.
Мишел мислела дека работат како лични тренери и не се ни сомневала дека пријателството со нив ќе ја чини многу.
„Вежбаа и им правеа планови за исхрана на други луѓе. Но, многу сака да контролираат. Јас не живеев со нив, но минував многу време во нивниот дом и ми велеа дека треба да ги посетувам почесто.
Секојпат кога одев кај нив морав да им плаќам, па ова ми беше голем финансиски товар“, сподели актерката во интервју.
Тогаш Мишел била далеку од холивудска ѕвезда и заработувала малку, но мажот и жената успеале да ѝ ги соберат скоро сите пари.
Додека работела со нив, мажот и жената ја ставиле Мишел на строг режим на исхрана.
Самите, пак, имале бизарно верување дека можат да преживеат само од сончева светлина и воздух, без храна и вода.
Овој начин на „исхрана“ пробувале да ѝ го наметната и на Мишел, како и на нивните следбеници.
Тие ги „подучувале“ следбениците дека тоа е последната фаза од тренингот која постепено треба да ја достигнат.