Сакала да стане калуѓерка на 39 години – Се сеќавате на Бренда од Scary Movie?
- Детали
- сабота, 25 април 2026
Реџина Хол, најпозната како Бренда од Scary Movie е магистриран новинар, но никогаш немала можност да работи по струка. Приватниот живот го крие многу добро, но има откриено дека по тешко раскинување, сериозно планирала да стане калуѓерка.

Реџина Хол се прослави со улогата на Бренда во Scary Movie и оттогаш изгради импресивна кариера.
На големо изненадување на фановите на филмскиот серијал, Реџина ќе ја репризира улогата и во новото продолжение, заедно со останатата актерска екипа од оригиналот.
Иако уште е активна – се појави и во One Battle After Another – Реџина мошне добро го крие својот приватен живот.
Па, што знаеме за неа?
Бренда е магистриран новинар
Откако завршила факултет на Fordham University, Реџина не бил сигурна што да прави следно.
Бидејќи била желна за учење, одлучила да запише постдипломски студии по новинарство.
„Ја избрав оваа струка бидејќи ми изгледаше како нешто моќно. Мислев дека повеќето луѓе веруваат во она што го читаат, па јас да го држам моливот ми изгледаше како голема моќ“.
Сепак, никогаш немала можност да работи како новинар, но вели дека студиите ѝ помогнале да се снајде во филмската индустрија.
Смртта на татко ѝ ја инспирирала да стане актерка
Додека била на постдипломски студии, таткото на Реџина починал.
„Татко ми имаше мозочен удар во мојот прв триместар. Тогаш не бев сигурна дали сакам да ѝ дадам шанса на глумата, но си помислив дека животот може да се промени во секој момент.
Па, тоа ме инспирира да пробам со глума“.
Иако Реџина почнала да глуми додека уште студирала, решила да заврши со студиите поради татко ѝ.