Сакала да стане калуѓерка на 39 години – Се сеќавате на Бренда од Scary Movie?
„Знаев дека татко ми би сакал да завршам со студирањето“, има изјавено актерката.
Мајка ѝ страда од склеродермија
Мајката на Реџина Хол страда од склеродермија – ретко автоимуно заболување кое ги зафаќа кожата, зглобовите, крвните садови и внатрешните органи.
Поради заболувањето, имунолошкиот систем ги напаѓа здравите ткива и може да предизвика стврднување и здебелување на кожата и сврзните ткива.
Реџина има откриено дека покојниот актер Боб Сагет многу ѝ помогнал на мајка ѝ бидејќи неговата сестра починала од истото заболување.
Тој имал фондација за склеродермија во која Реџина почнала да донира, а по некое време станала и дел од управниот одбор.
Реџина волонтира и во други здруженија и е голема хуманитарка.
Малку се знае за нејзиниот љубовен живот
Низ годините Реџина била поврзувана со низа славни личности, но никогаш не зборувала за нејзиниот љубовен живот.
Самата има изјавено дека не планира да открива со кој се гледа сè додека врската не стане сериозна.
„Сметам дека врските се нешто свето додека не се најдете на место каде што сте сигурни што ќе се случува“.
Сакала да стане калуѓерка
Откако веќе станала позната актерка, Реџина Хол размислувала да стане калуѓерка.
„Сакав да бидам калуѓерка уште откако бев мала…
Тој период минував низ тешко раскинување, па мислев дека животот како калуѓерка ќе биде мирен“, сподели Реџина пред неколку години.
Таа дури и ги разгледувала нејзините опции, но сфатила дека не ги исполнува критериумите.
„Бев многу стара. Секаде има различни правила, а каде што јас сакав да се закалуѓерам, сметаа дека оваа одлука не треба да биде план Б.
Некои од нив имаат ограничување и за бојот на романтични партнери – но не можев да се зачленам и таму.
Но, веројатно сето излезе добро бидејќи инаку ќе бев ’калуѓерката од Scary Movie‘“, сподели Реџина пред неколку години.
Неодамна таа исто така зборуваше за оваа невообичаена желба.
Сподели дека имала 39 години и тогаш почувствувала силна поврзаност со Бог:
„Како да имав романса со Бог, беше неверојатно време на медитација или молитва, тишина“.
Спирова С. | Црнобело