Филип Плејн има „трофеј девојка“ - таа лежи во болница, тој се фали со каков скап автомобил оди дотаму
- Детали
- сабота, 02 мај 2026
Дизајнерот Филип Плејн со неколку емотивни објави на Инстаграм ѝ посака побрзо заздравување на неговата девојка убавица со која има и син. Неговата девојка потекнува од Романија, а работи како модел.

Дизајнер Филип Плејн не открива многу детали за приватноста, но гордо споделува објави со двете негови деца, но и неговата партнерка Андреа Сасу.
Модниот дизајнер има четири деца – најстарото го доби од врската со Фернанда Ригон пред десетина години, а во 2023-та му се роди и второто дете со тогашната партнерка Лусија.
Со Лусија доби уште едно дете, а неполна година подоцна, му се роди уште едно, овој пат со сегашната партнерка Андреа.
Филип и Андреа се заедно неколку години, но имаше период и кога беа разделени.
Сега се чини дека се посреќни од кога било, а дизајнерот честопати објавува фотографии со неа.
Во март годинава, по повод роденденот на Андреа, дизајнерот сподели емотивна објава.
„Имаме долго минато… десет години. И покрај сè, ти остана. Остана покрај мене. Остана покрај нашите деца…
Јас ги имам моите синови. Ние го имаме нашето семејство. И во сето ова, ти стана личноста која нè држи сите заедно.
Среќен роденден до жената која секогаш е покрај мене“.
Но, на почетокот од април, Филип сподели нови фотки со Андреа, а во опис ја моли да се врати дома побрзо.
Пред околу една недела, дизајнерот откри дека Андреа всушност била во болница.
„Лесно ми е да те сакам. Полесно од дишењето. По две недели во болница, конечно дојде дома. Но, тогаш болката се врати и одлучивме да се вратиш во болницата во Монте Карло за да можеш да оздравиш и да станеш посилна.
Дојди си дома брзо. Ние сме твоето семејство. Твојата династија. Те сакаме, ни недостасуваш и овде сме за тебе“.
Не е познато што точно ѝ се случило на Андреа, но според некои извори можно е да станува збор за компликации од некаква операција.
Последно, дизајнерот сподели неколку фотографии од посетата во болница. Тој се пофали и со автомобилот со кој отишол до болницата.
„Нема да бидам мирен додека не се вратиш дома со нас. Ме боли што треба секој ден да одам во болница. Уште повеќе ме боли кога треба да си заминам од тебе, да се вратам дома кај нашите деца без тебе.
Ми недостасуваш. Те сакам, секогаш ќе те сакам. И нема да престанам додека не се вратиш каде што припаѓаш – дома, со твоето семејство“.
Инаку, Андреа е модел и инфлуенсерка која потекнува од Романија и важи за вистинска убавица.