Како Ен Хетавеј стана „најомразената жена во Холивуд“?
- Детали
- сабота, 02 мај 2026
„Проблемот со Ен е тоа што ако ѝ се доаѓате, тогаш е супер. Ако не ѝ се допаѓате, веднаш ќе ви стане јасно“, има изјавено поранешен соработник на Ен Хетавеј. Во не така далечното минато, актерката се соочуваше со толку критики и омраза, што не можеше да добие ни добра улога – зошто важеше за „најомразената жена во Холивуд“?

Ен Хетавеј може да се пофали со блескава кариера, Оскар за изведбата во Les Miserables, но и со титулата „најубава ѕвезда за 2026-та“ која ѝ ја додели магазинот People.
43-годишната актерка периодов повторно е актуелна и со второто продолжение од легендарниот The Devil Wears Prada, а може да се каже и дека изгледа подобро од кога било.
Но, знаете ли дека Ен Хетавеј извесен период важеше за „најомразената личност во Холивуд?“
Во не така далечното минато, актерката беше критикувана за нејзините реакции на интервјуа, односот со фановите, но и односот со некои од нејзините колеги.
Зошто актерката се соочуваше со толкава омраза онлајн?
Омразата насочена кон Ен Хетавеј започна околу 2011 година, а искрено немаше некоја конкретна причина.
Но, извор од Холивуд кој соработувал со актерката има изјавено дека интеракцијата со неа понекогаш била навистина тешка.
„Проблем со Ен е што ако ѝ се допаѓате, тогаш е супер. Ако не ѝ се допаѓате, веднаш ќе ви стане јасно. Многу луѓе се жалат за нејзиното однесување.
Многу често изгледа како студена личност бидејќи е многу фокусирана на работата и не сака луѓе што ѝ го трошат времето. Кога Ен работи, најдобро е да се држите настрана од неа“.
Но, омразата насочена кон актерката главно потекнуваше од јавноста, а не од нејзини соработници.
Целата драма почна во 2011 година, кога актерката презентираше награда на Оскарите со Џејмс Франко.
На јавноста воопшто не ѝ се допадна хемијата меѓу нив – додека актерката беше весела, Џејмс делуваше премногу сериозно.
