Како Ен Хетавеј стана „најомразената жена во Холивуд“?
Поради критиките, Џејмс Франко се огласи и всушност ја нападна колешката:
„Ен Хетавеј е толку енергична, што мислам дека дури и тасманскиот ѓавол (од Looney Tunes) ќе изгледа здрвено покрај неа“.
Истата година, таа ја доби улогата на Catwman во The Dark Knight Rises во режија на Кристофер Нолан.
Но, фановите на франшизата беа незадоволни бидејќи Ен не била доволно секси за улогата.
До 2013 година, секој говор и секое интервју на актерката беше критикувано дека е „извежбано“, „многу емотивно“ или „нарцисоидно“.
Некои, пак, искрено споделуваа дека ја мразеле без причина, а други ја критикуваа дека била премногу совршена.
Поради целата онлајн омраза, Ен откри дека веќе престанала да добива улоги.
„Не сакаа да ми даваат улоги бидејќи беа загрижени за тоа колку токсичен стана мојот идентитет онлајн“, сподели актерката во 2013-та.
Таа одлучи и малку да се повлече од јавниот живот.
„Имав импресија дека на луѓето им треба пауза од мене“, сподели во 2014-та.
Ен продолжи да работи држејќи се настрана од јавност, но освен улогите во Interstellar и двете продолженија на серијалот за Бетмен на Кристофер Нолан, неколку години не се појави во голем филм.
Ни Оскарот што го освои во 2012 не ѝ беше од многу помош.
Ен Хетавеј вели дека нејзиниот спасител бил Кристофер Нолан бидејќи ѝ ја дал улогата во Interstellar кога сите ја одбивале.
„Не знам дали беше свесен дека тогаш ме поддржува, но ова имаше влијание.
Мојата кариера не го изгуби моментумот – нешто што не би се случело ако ја немав неговата поддршка“.
Иако актерката помина неколку мачни години, тоа што се држеше настрана од јавност очигледно било од помош.
До 2017 година, јавноста почна да ги критикува луѓето кои ја мразеа без причина, а постепено таа почна да добива и подобри улоги како во Ocean’s 8, Hustle и серијата WeCrashed.
Сега, со репризирањето на улогата во The Devil Wears Prada, како и признанието од магазинот People, актерката може да здивне бидејќи повторно има армија фанови кои ја поддржуваат.
Спирова С. | Црнобело
