Кејт и Вилијам прославија 15 години брак – позираат во трева во лежерно издание, со трите деца (фото)
- Детали
- четврток, 30 април 2026
Кејт и Вилијам ја одбележаа 15-тата годишнина од бракот со семејна фотографија – со трите деца тие се легнати во трева и сите се во лежерни аутфити со шорцови и маички. Единствено Кејт е во малку поелегантно издание, додека принцезата Шарлот покажа дека веќе ги следи модните трендови.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам вчера (29.04) ја прославија 15-тата годишнина од нивниот брак.
Важниот ден го одбележаа со семејна фотографија направена за време на нивниот одмор во Корнвол на почетокот од април.
Во лежерно издание, принцот и принцезата лежат во трева со нивните три деца, како и нивното куче.
44-годишната Кејт носи џемпер од кашмир со црно-бели риги, во комбинација со бели панталони, додека принцот е со сини шорцови и темнозелена маичка.
И нивните деца се во лежерни аутфити – сите носат шорцови и маички.
Принцезата Шарлот, пак, покажа дека веќе ги следи модните трендови и на фотката може да се забележи дека има маникир со светлосина боја.
Постара фотографија од кралското семејство
Во коментари, фановите на кралското семејство им честитаат, а некои велат дека не им се верува дека поминале цели 15 години од кралската венчавка.
Вчера на официјалниот профил на Кејт и Вилијам беше споделена и фотографија од посета на универзитет, што значи кралскиот пар го поминал денот работно.
Во опис стои дека посетата е дел од добротворна организација чија цел е да им помогне на младите да го достигнат својот целосен потенцијал во образованието.