Ќерката на Бијонсе ја покажа тврдоглавоста среде Мет гала 2026 - Ги измачи асистентите, тие ја молат, таа тера по свое
- Детали
- среда, 06 мај 2026
„Таа е ќерка на Бијонсе... никому не му должи ништо“, е еден од пофалните коментари за малку дрското однесување на Блу Ајви Картер (14). Таа не послуша никого за да ги симне очилата за сонце и истера по свое... Дури ниту татко ѝ. Драма кралица или девојка со став?

Блу Ајви Картер дебитираше на балот Мет гала 2026 на само 14 години.
Најстарата ќерка на Бијонсе и Џеј Зи се појави во бел фустан од Balenciaga, но најголемо внимание привлече со тоа што одби да ги симне очилата за сонце, иако асистентите буквално ја молеа.

Тврдоглавоста на Блу Ајви се покажа на дело, а видеото од случката стана вирално.
На видеото што се прошири на интернет се гледа како Блу најпрво позира со мајка си, а потоа ѝ приоѓа помошничката на Бијонсе, која со гестови ѝ покажува да ги симне очилата.


Долгогодишната семејна соработничка потоа се врти кон Бијонсе, барајќи таа да ѝ каже на ќерка си, по што се вклучуваат и другите од тимот, а на крај и самиот Џеј Зи.

Сепак, 14-годишната Ајви само одмавнува со раката, ставајќи до знаење дека ќе ги симне очилата дури кога ќе се искачи на врвот од скалите.

Еден од коментарите за случката гласи: „Таа е ќерка на Бијонсе... никому не му должи ништо, тоа е таа енергија... и со право!“.


@gqitalia #BlueIvy al #MetGala in #Balenciaga
♬ son original - ∞ ☼。𖦹 ° ⋆♡
Погледнете го видеото и проценете сами:
@therealdestinymarilyn Beyoncé finally came to the met gala!! Blue had them stressed 😭 #metgala #beyonce
♬ Shocking / Comical / Prank / Suspicious(1320742) - nyansuke
С. С. | Црнобело