Ријана нервозна на Мет гала додека Ејсап Роки разговара со друга жена – се расправаа и во лимузина (видео)
- Детали
- четврток, 07 мај 2026
На Твитер вирално се споделуваат видеа од Ејсап Роки и Ријана на Мет гала, каде што пејачката дава интервју, додека нејзиниот партнер разговара со девојка која на крај ја бакна во образ. Во целата снимка Ријана изгледа малку нервозно. Во друго видео, снимено по завршувањето на Мет гала, тие двајца се расправаат во лимузина.

Иако делуваат среќно и заедно имаат три деца, веќе некој период не стивнуваат гласините дека врската на Ријана и Ејсап Роки е во криза.
На социјалните мрежи се шпекулира дека раперот ја изневерувал пејачката и иако ништо од ова не е потврдено, дел од јавноста е убеден дека е вистина.
Во понеделникот, по Мет галата, Ријана и пејачот беа снимени како се расправат во нивната лимузина, што дополнително ги поттикна шпекулациите.
Иако на самиот настан и двајцата изгледа добро расположени, само неколку часа подоцна, беше јасно дека водат напнат разговор додека седеа во лимузина.
Во еден миг се гледа како Ријана се насмевнува, но ова трае само неколку секунди, по што тие продолжуваат со сериозниот разговор.
Не е познато за што точно разговарале и иако некои велат дека сигурно се само уморни од настанот, други се уверени дека видеото е доказ дека нешто не е во ред.
Според извори кои биле на Мет гала, Ејсап Роки и Ријана делувале како секој среќен пар и воопшто не изгледало како меѓу нив да се случува нешто лошо.
Извори блиски до парот, пак, велат дека немаат никакви проблеми.
Сепак, во меѓувреме почна да се споделува уште едно видео снимено во понеделникот.
На видеото се гледа како Ејсап Роки разговара со жена, додека Ријана стои зад нив и дава интервју.
Ријана делува малку нервозно пред камерата, додека дечко ѝ разговара со жената, па се шпекулира дека можеби ова е причина за нивната караница подоцна.
Кога Ејсап Роки завршува со разговорот, ја бакнува жената во образ и ѝ се придружува на Ријана.
„Значи ова е причината за караницата“, „Премногу е пријателски настроен“ и „Треба да внимава повеќе на однесувањето“ се само дел од коментарите за видеото.
Но, како што пренесува ТMZ, жената со којашто разговарал Ејсап е дизајнерка која одамна ја познава Ријана и која имала „огромна почит за неа“.
На снимката не се гледало, но прво Ријана разговарала со жената, пред да се сврти кон камерата за интервјуто.
Ријана и Ејсап Роки се заедно веќе шест години, а имаат три деца. Врската ја почнаа во 2020-та и оттогаш се неразделни, а иако не се во брак, во јавност неколкупати се имаат нарекувано „сопруг и сопруга“.
Уште од почетокот она нивната врска постоеле гласини дека раперот ја изневерува пејачката.
Но, шпекулациите почнаа да се споделуваат вирално во април годинава, а најверојатно сè започнало како првоаприлска шега.
На Твитер почнаа да се споделуваат лажни твитови од Ријана на кои пишува дека пејачката била повредена од неверството.
Во една лажна објава е наведено дека таа дури побарала и развод, без разлика што не се ни во брак.
Ријана и Ејсап Роки, пак, очигледно не ни им обрнуваат внимание на гласините бидејќи засега се немаат огласено.
Спирова С. | Црнобело