Истепал проститутка, ѝ го пукнал силиконскиот имплант на жена: Најголемите контроверзии на Џек Николсон
- Детали
- сабота, 16 мај 2026
Џек Николсон има шест деца од пет различни жени, а наводно имал преку 2.000 љубовници. Ни самиот не крие дека имал проблеми со темпераментот, а знаел да биде физички насилен и кон жени.

Со децении, името Џек Николсон беше меѓу најпрепознатливите во Холивуд.
Со три освоени Оскари и уште бројни други награди, Џек Николсон уште долго ќе се помни како еден од најдобрите холивудски актери.
Денес, во деветата деценија од животот, актерот веќе не е активен, а реткост е да се појави и во јавност.
Но, уште се зборува за неговите најдобри улоги, а повремено и за скандалите и контроверзиите од неговиот приватен живот.
Дел до најголемите контроверзии поврзани со Џек Николсон:
Бил многу лош ученик
Актерот, кој пораснал во Њу Џерси, самиот има изјавено дека бил лош ученик бидејќи мразел авторитети.
„Отсекогаш сум се противел на авторитетите и мразев кога добивав наредби од наставници, родители или кој било.
На училиште држев рекорд за ученик со најмногу укори – во текот на една година добивав по еден секој ден… Навистина не ме интересираше што мислат другите“.
Неколку години подоцна, актерот призна дека уште си го задржал истиот став, барем донекаде.
„Многу мразам совети, освен ако не ги давам јас. Но, мразам и да давам совети бидејќи луѓето не ги слушаат“.
Наводно му се восхитувал на Адолф Хитлер
Не недостасуваат контроверзни изјави од страна на Џек Николсон – на пример, има изјавено:
„Во животот треба да ги лажете само полицијата и вашата девојка. На сите други кажувајте им ја виситината“.
А, според негова поранешна девојка, тој имал изјавено и дека му се восхитува на Хитлер:
„Еднаш имав несогласување со Џек Николсон – кога рече дека му се восхитувал на Хитлер за неговата посветеност во своите верувања“.
