Посакувале да се венчаат, проблем била скиентологијата: Неостварената љубов на Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон
„Знам дека скиентолошката црква го смета за ценет следбеник. Ако се венчав со Џон, дали тој ќе очекуваше и јас да станам скиентолог?“ – го праша Оливија музичарот.
Тој ѝ одговори:
„Не би било задолжително, но би било пожелно“.
На ова Оливија само изјави дека тоа е сè што сакал да знае.
Иако можеби скиентологијата била пречка, Оливија сигурно имала чувства кон Џон, а за тоа пишуваше и во нејзините мемоари, каде што го опиша мигот кога го запознала актерот.
„Кога влеговме во просторијата заедно, беше волшебно и сите го видоа ова.
Да, многу си се допаѓавме, имаше привлечност, но не можевме да бидеме заедно бидејќи и двајцата имавме партнери, а и двајцата сме лојални“.
За привлечноста меѓу Џон и Оливија имаат зборувано и други луѓе од филмската екипа на Grease.
„Дефинитивно Џон ја сакаше Оливија. Во сцена од филмот кога требаше да се бакнат, Оливија се поттргна и тажно се прашуваше дали некогаш ќе се видат повторно, дали ќе треба повторно да се бакнат во филмот.
Немаше друга сцена со бакнување и тогаш режисерот помисли дека можеби ќе треба да смисли друг крај. Па, кога одлетаа со автомобилот во последната сцена, наместо да се свртат кон камерата, Џон ја погледна Оливија и страсно ја бакна.
За момент се гледа дека таа е изненадена, но му го возвраќа бакнежот. Во тој миг не глумеа. Изгледаше како Џон да сфатил дека има шанса да ја бакне Оливија, па ја искористи“, има изјавено актерот Диди Кон кој глуми во филмот.
И покрај многуте „докази“, Џон и Оливија упорно ги негираа гласините.
„Неколкупати речиси ќе сме направеле нешто, но тоа никогаш не се случи.
Некогаш животот ви дава погрешен тајминг. Моравме да се помириме со тоа дека ќе бидеме блиски пријатели“, има изјавено Џон.
Низ годините, и Џон и Оливија имаа низа врски, но актерот сепак не изгубил надеж дека некогаш ќе има шанса со неа.
И во 2018 година изјави дека секој млад дечко во 1970-тите би сонувал за девојка како Оливија.
Оливија Њутн Џон, која почина во 2022 година, двапати беше во брак, додека Џон Траволта беше во брак со Кели Престон од 1991-ва, се до нејзината смрт во 2020-та.
Иако можеби не им било судено да бидат пар, Џон и Оливија останаа мошне блиски – многупати одеа на одмори со нивните партнери, а заедно снимија и уште еден филм кој беше голема „утка“.
На 40-тата година од премиерата на Grease, актерите зборуваа за нивната близина.
„Филмот ни го промени животот. На премиерата можевме да ја почувствуваме енергијата што се формира.
Се чувствувам благодарна што бев дел од сето тоа и што имав можност да работам со него. Останавме блиски оттогаш“, изјави Оливија.
И Џон беше емотивен:
„Кога делите таков метеорски успех и ништо не може да го надмине, тогаш делите посебна врска. Јас бев со неа кога доби дете, кога се разведе, кога ја изгуби сестра ѝ.
Таа беше со мене кога се венчав, кога добив деца. Прекрасно е и имаме многу заеднички сеќавања“.
Спирова С. | Црнобело