Посакувале да се венчаат, проблем била скиентологијата: Неостварената љубов на Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон
- Детали
- недела, 24 мај 2026
Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон отсекогаш негирале дека меѓу нив се случило нешто повеќе. Но, низ годините и двајцата како да пробуваа да кажат дека отсекогаш се привлекувале еден со друг. Според нова биографија за Оливија, сосема возможно е тие сепак да биле пар, но никогаш не се венчале бидејќи актерката не сакала да стане скиентолог.

По огромниот успех на филмот Grease (Брилијантин), Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон станаа можеби најголемите ѕвезди во светот.
Хемијата меѓу актерите во филмот не може да се игнорира, па фановите постојано се прашуваа дали нешто се случувало и во приватниот живот.
Тоа што Џон и Оливија се бакнаа на забава по премиерата на филмот дополнително ги разгоре гласините.
Неколку години подоцна, Џон и Оливија гостуваа во шоуто на Џоан Риверс и беа прашани дали се пар.
Актерот прво се пошегува и рече „да“, но потоа сериозно одговори на прашањето:
„Вистината е дека кога го снимавме филмот, и двајцата имавме други партнери. Па, меѓу нас никогаш не се случи ништо“.
Оваа изјава донекаде ги замолче гласините, но сега, според нова биографија за Оливија, тие сепак биле пар.
Актерката, пак, била толку вљубена во него, што сериозно размислувала и за брак.
Но, меѓу нив стоела огромна пречка – скиентолошката црква.
Покрај Том Круз, Џон Траволта е најпознатиот следбеник на контроверзната црква, а Оливија не сакала и таа да ја прифати верата на актерот.
Повеќе од две децении од премиерата на Grease, Оливија зборуваше за ова со музичар чија сопруга е скиентолог.