„Заврши во болница, ѝ трансплантираа бубрег, а јаде само брза храна“: Селена Гомез критикувана за „одвратните“ навики и исхраната
Тогаш сподели и една нарачка која била само за неа:
„Нарачав такоси, помфрит, ролнички со јајца и сендвич со пилешко“, гордо кажа пејачката.
Претходно, Селена сподели дека не тргнува на турнеја ако нејзиниот автобус не е опремен со Cheetos, многу чоколади и кисели краставички.
И покрај нездравиот начин на исхрана, Селена генерално е во добра форма. Некогаш има проблеми со тежината, но вели дека ова е поради нејзината битка со автоимуната болест лупус.
Но, во 2011-та, Селена заврши во болница поради нејзината лоша исхрана.
Во 2017 година, на Селена ѝ беше направена трансплантација на бубрег поради компликации од лупус, а донор беше нејзина поранешна пријателка.
Токму поради овој детаљ, сега Селена е критикувана за тоа што не води добра грижа за себе.
„Ова сигурно не може да биде добро за личност со трансплантиран бубрег“.
„Јаде многу сол, не внесува ништо здраво и има трансплантиран бубрег – што може да тргне на лошо?“
„И јас сакам нездрава храна, но ако некој ми подарил бубрег, мислам дека ќе водам подобра грижа за себе“.
„Мојот син има лупус и многу внимава на исхраната бидејќи не сака да внесува ништо што може да му предизвика воспаление.
Селена има и трансплантиран бубрег поради болеста. Точно, тоа е нејзин живот, но мислам дека секој би бил повнимателен кога ќе добие нов орган“.
Некои, пак, коментираат дека драстичните промени на нејзиното лице и подуеноста сигурно се резултат на исхраната, а не само на дијагнозата со лупус.
Спирова С. | Црнобело