Другарката на Селена Гомез што ѝ донира бубрег „извисена“ од пејачката – не ја покани на свадба, не зборуваат
- Детали
- среда, 08 октомври 2025
„Среќна сум за неа. Таа има свој живот, веќе е милијардерка и благодарна сум што можев да ѝ помогнам“, изјави некогашната другарка на Селена Гомез која ѝ донира бубрег на пејачката. И покрај тоа што ѝ го спаси животот и беа многу блиски, Селена не ја покани на свадбата.

На свадбата на Селена Гомез и Бени Бланко присуствуваа низа славни личности кои се блиски со парот, како Тејлор Свифт, Стив Мартин и Пол Рад.
Но, фановите на пејачката веднаш забележаа дека не ја поканила Франсија Раиса – некогашната пријателка која во 2017-та ѝ донира бубрег.
На Селена ѝ беше потребна трансплантација поради компликации од лупус, а другарка ѝ Франсија решила да истапи и да ѝ помогне.
Сепак, неколку години по операцијата, Франсија и Селена како да се во заладен однос.
Откако, пак, таа не се појави на свадбата, се шпекулира дека веќе воопшто зборуваат една со друга.
Неодамна беше објавено интервју со Франсија во кое ја прашуваат за Селена. Интервјуто почна да се споделува деновиве, но е снимено пред свадбата.
„Знам дека ќе се венча и многу сум среќна за неа. И, видете, таа има живот, веќе е милијардерка и благодарна сум што можев да ѝ помогнам“, вели Франсија.
Франсија вели и дека кога некој донира орган, го прави тоа за да спаси нечиј живот, а не за да формира пријателство.
„Уште на почетокот лекарите ми нагласија дека тоа е донација. Ако донирате еден долар во црква, сигурно нема да се јавите и да прашате што прават со тој долар.
Донацијата беше нешто убаво што можев да го направам за неа. Благодарна сум што сум жива и што можам да кажам дека имам спасено живот“.
Извесен период имаше гласини дека по операцијата, Селена не водела добра грижа за свето здравје и наводно ова ја разгневило Франсија.
Таа зборуваше и за овие шпекулации:
„Ме прашувате бесмислени работи бидејќи отсекогаш имало гласини. Јас никогаш не сум ѝ рекла ништо…
Никој не знае што точно се случува, ниту дали јас и Селена сме зборувале за тоа. Еден ден можеби ќе кажеме нешто во јавност“.
Фановите првпат почнаа да дискутираат за раздорот меѓу Селена и Франсија во 2022 година.
Тогаш во интервју Селена изјави дека нејзина единствена пријателка во забавната индустрија е Тејлор Свифт.
На објава со овој цитат, Франсија имаше прокоментирано „интересно“.
Селена, пак, ѝ врати саркастично:
„Извини што не ја спомнав секоја личност што ја знам“.
Во 2023-та, Селена повторно јавно ѝ се заблагодари на Франсија за донираниот бубрег, а таа, пак, откри дека сепак се оддалечиле.
„Не зборувавме многу изминативе шест години. Последнава година не сме зборувале воопшто. Но, не сме имале конфликт“.
Прочитајте и: Селена Гомез гордо ја покажа лузната од трансплантацијата на бубрегот: „Сите тела се убави“
Спирова С. | Црнобело