Селена Гомез гордо ја покажа лузната од трансплантацијата на бубрегот: „Сите тела се убави“

Пред три години, Селена имаше операција за трансплантација на бубрег, но долго време ѝ било страв да ја покаже лузната. Сега, таа вели дека конечно го прифатила нејзиното тело такво какво што е.

site-tela-se-ubavi-selena-gomez-ja-pokazha-luznata-od-transplantacijata-na-bubregot-01.jpg

Младата пејачка сподели фотографија на која носи син костим за капење, но и на која се гледа лузната од нејзината операција кога ѝ беше трансплантиран бубрег во 2017-та.

Таа и претходно неколкупати ја има покажано лузната, но вели дека ѝ требало долго време за да се реши на тој чекор.

„После трансплантацијата на бубрегот, се сеќавам дека ми беше тешко да ја покажам лузната. Не сакав да се гледа на фотографии, па носев облека што ја покрива. Сега, повеќе од кога било, се чувствувам самоуверено, и она низ коешто поминав… горда сум за тоа“, стои во описот на објавата.

На крај, пејачката додава дека сите тела се убави.

28-годишната ѕвезда имаше компликации поради болестa лупус, па мораше да оди на операција. Бубрегот, пак, го донира нејзината пријателка Франсиа Раиса. Уште тогаш, Селена ѝ се заблагодари на Франсиа, објавувајќи фотографија од нив во болницата.

„Нема зборови со кои можам да ѝ се заблагодарам на мојата прекрасна пријателка Франсиа Раиса. Таа ми го даде најголемиот подарок и ја направи најголемата жртва донирајќи го нејзиниот бубрег за мене. Навистина сум благословена“, стои во описот на објавата од пред три години.

Кратко по операцијата, пејачката им кажа на фановите дека ја добила дијагнозата во 2015-та, и дека пробала да се лекува со хемотерапија. Но, бидејќи болеста може трајно да ги оштети органите, на многу пациенти им е потребна трансплантација, како што беше случајот и со Селена.

Прочитајте и Што треба да знаете за пријателката на Селена Гомез, која го донираше бубрегот?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...

Најчитани неделава