Што треба да знаете за пријателката на Селена Гомез, која го донираше бубрегот?

Селена Гомез помина низ многу тежок период со нејзиното здравје, со оглед на тоа што неодамна откри дека имала трансплантација на бубрег.

shto-treba-da-znaete-za-prijatelkata-na-selena-gomez-koja-go-donirashe-bubregot-01.jpg

Пејачката откри дека нејзината пријателка Франсиа Раиса го донирала својот бубрег, за што Селена ѝ е бескрајно благодарна.

Но, која е Франсиа Раиса и која е нејзината позадина?

29-годишната Франсиа е од Калифорнија и се занимава со глума. Досега таа била дел од голем број на филмови, ТВ шоуа и музички спотови, а позната е по улогите во Bring It On: All or Nothing и The Secret Life of the American Teenager.

transplantacijata-poteshko-ja-podnela-prijatelkata-na-selena-gomez-koja-go-donirala-bubregot-04.jpg

Колку време се пријателки со Селена Гомез?

Селена и Франсиа се дружат веќе 9 години, уште од 2008-ма.

Минатата година Франсиа изјавила:

„Опседната сум со секој спомен кој го имаме во последниве 8 години и оние кои допрва ќе ги создаваме. Благодарна сум што те имам во животот, учам многу од тебе и горда сум на тебе.“

transplantacijata-poteshko-ja-podnela-prijatelkata-na-selena-gomez-koja-go-donirala-bubregot-05.jpg

Што изјавила Франсиа за донирањето на нејзиниот бубрег за нејзината пријателка?

Таа откри дека е благодарна што ѝ помогнала на Селена, објавувајќи ја истата фотка на Инстаграм на која напиша:

„Благодарна сум што Бог ми даде шанса не само да спасам живот, туку и да го променам мојот во целиот тој процес. Ова беше дел од нашата приказна, но најважно е дека ова не е единствената приказна.“

Сепак, трансплантацијата и закрепнувањето очигледно поминале малку потешко за донаторот, отколку за Селена која веќе почна со работни ангажмани.

Според извори блиски до Франсиа, отстранувањето на нејзиниот бубрег значи дека ќе мора да паузира од снимање и нема да може да прави физички активности 2 месеца.

На актерката ќе ѝ биде посебно тешко бидејќи таа била опседната со здрав живот и постојано вежбала и била физички активна досега.

transplantacijata-poteshko-ja-podnela-prijatelkata-na-selena-gomez-koja-go-donirala-bubregot-02.jpg

Поради трансплантацијата, Франсиа е на строга диета и може да практикува само јога, но добрите вести се дека таа добро се справува со ситуацијата и лесно заздравува.

transplantacijata-poteshko-ja-podnela-prijatelkata-na-selena-gomez-koja-go-donirala-bubregot-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Селена Гомез стана мета на критики затоа што си го „крие“ стомакот на настан - таа искрено им одгово... Селена Гомез искрено откри со каков здравствен проблем се соочува и изјави: „Не ...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Селена Гомез се сврши со дечкото кој соработуваше со Џастин Бибер – зошто фановите го мразат? „Треба да го остави пред да ѝ го уништи животот“ – со вакви коментари фановите г...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg