Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот на Мик Џегер
- Детали
- сабота, 23 мај 2026
Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше изврши самоубиство, а моментално е со балерина која е половина век помлада од него. Детали за бурниот љубовен живот на Мик Џегер.

Можеби не важел за многу привлечен маж, но факт е дека Мик Џегер бил голем заводник уште од почетокот на блескавата музичка кариера.
Дури и сега, 82-годишниот пејач е во врска со 38-годишна жена.
Но, веројатно поранешната балерина Мелани Хамрик успеала да го „смири“ бидејќи заедно се уште од 2014-та, а имаат и осумгодишен син.
Пред да ја сретне Мелани, љубовниот живот на Мик редовно ги полнеше страниците на таблоидите.
Имаше два брака, многу девојки и уште повеќе афери, а според неговиот биограф, тој спиел со 4.000 жени, а можеби и повеќе.
Детали за најпознатите врски на пејачот:
Во раните 1960-ти, на почетоците на неговата кариера, Мик Џегер беше во врска со актерката Клео Силвестре.
Потоа имаше подолга врска со моделот Криси Шримптон.
Неговата најпозната врска од овој период е со актерката и пејачка Мериен Фејтфул.
Бендот на Мик, Rolling Stones, всушност ѝ помогна на Мериен да ја лансира својата музичка кариера – тој и Кит Ричардс напишаа песна за неа.
Мериен го остави нејзиниот сопруг за да биде со Мик Џегер, но набрзо почнаа проблемите во нивната врска.
Пејачот уште тогаш бил промискуитетен, па постојано ја изневерувал, а сериозен проблем била и неговата зависност од дрога.
Откако Мериен останал бремена и доживеала спонтан абортус, тие решија да се разделат.
Мик не чекаше долго пред да најде нова љубов, па почна врска со актерката Марша Хант. Истата година, добија дете, но речиси веднаш потоа се разделија.
Во меѓувреме, пејачот почна да се гледа со другa актерка – врска што создаваше тензија за неговиот бенд бидејќи таа му беше девојка на Кит Ричардс, едниот од гитаристите во Rolling Stones.
За помалку од една година, Мик почна врска со друга жена, Бјанка, со која се венча во 1971 година и со која доби ќерка.
Врската на Мик и Бјанка привлекуваше многу внимание и своевремено тие важеа за омилениот славен пар.
Но, очекувано, Мик не ѝ бил верени ниту на Бјанка, па се разведоа откако се дозна дека тој имал афера со моделот Џери Хол.