Шакира емотивна за разделбата од Пике и „најмрачниот период“, тој ужива во Венеција со љубовницатa
- Детали
- вторник, 26 мај 2026
Додека Пике ужива во Венеција со Клара Чиа – жената поради која ја остави Шакира – пејачката даде ретка изјава за нивната разделба и рече дека всушност му е благодарна. Пике и Клара се подготвуваат за четвртата годишнина во август, иако поверојатно е дека ја почнале врската многу порано, додека тој уште беше со Шакира.

Поминаа четири години од разделбата на Шакира и Пике и додека фудбалерот уште е во врска со љубовницата, познатата пејачка вели дека нема време за љубов.
49-годишната пејачка и 39-годишниот фудбалер, кои заедно имаат два сина, се разделија во 2022-ра бидејќи Пике ја изневеруваше со сегашната партнерка.
Оттогаш Шакира беше поврзувана со неколку мажи, вклучувајќи го и Том Круз, но сега самата открива дека не ни размислува за љубов.
„За мене сега нема романса. Нема место или време во мојот живот за тоа. Децата ми се приоритет. И, мојата кариера.
Интересно е што сум вљубена во мојата кариера како никогаш претходно. Уживам и во времето што го имам за себе“, сподели пејачката во неодамнешно интервју.
Шакира генерално избегнува да зборува за бившиот, но сега реши да го спомне периодот кога се разделуваа, опишувајќи го како „најмрачниот“ од нејзиниот живот.
„Го преживеав најмрачниот период – гледав како ми се распаѓа семејството. Семејство кое сонував дека ќе го чувам засекогаш.
Поминав низ многу болка, но ова ме направи, на непредвидлив начин, многу помудра личност – или барем посилна. Велат дека она што не ве убива ве прави посилни и вистина е.
Некогаш преку тешкотиите и болката откриваме колку сме силни. Страдањето некогаш ве прави подобра личност, ве тера да ги цените пријателите и поддршката“.
Пејачката додава дека е всушност благодарна за лекциите што ги научила од разделбата и дека сега е многу, многу посреќна.