Ja затвориле во установа со шизофренија: Која е првата холивудска „it девојка“?

Актерката Клара Боу од ерата на немите филмови е личноста што го прослави изразот it девојка кој до денес се користи како опис за млада жена која зрачи сексапил и е шармантна. Но, иако им била идол на многумина, Клара не видела многу среќа во својот живот.

snimila-57-filmovi-pa-ja-zatvorile-vo-ustanova-so-shizofrenija-koja-e-prvata-holivudska-it-devojka-01.jpg

Веруваме дека досега сте налетале на изразот „it girl“ кој често се користи како епитет за славни млади жени како Кендал Џенер.

„It girl“ или „it“ девојка се користи како опис за млада жена која има сексапил, добар стил, која е популарна и шармантна.

Искористен во овој контекст, изразот првпат се појавил уште во 1904 година, во кратка приказна, а потоа писателката Елинор Глин напишала книга насловен It во 1927 година.

Па, таа се смета како личноста која го измислила изразот бидејќи колку-толку го прославила.

Но, личноста најзадолжена за прославувањето на изразот е актерката Клара Боу.

snimila-57-filmovi-pa-ja-zatvorile-vo-ustanova-so-shizofrenija-koja-e-prvata-holivudska-it-devojka-08.JPG

Таа се појавува во филмот It од 1927 година и благодарение на неа зборот станува „мејнстрим“.

И, затоа е нарекувана холивудската прва „it“ девојка.

Но, колку што бил гламурозен, нејзиниот живот бил и трагичен.

snimila-57-filmovi-pa-ja-zatvorile-vo-ustanova-so-shizofrenija-koja-e-prvata-holivudska-it-devojka-03.JPG

Детали за животот на Клара Боу:

Уште се дебатира за точната година на раѓање на Клара Боу – некои велат 1905, а некои 1907 година.

Но, познато е дека потекнува во Бруклин, Њујорк, како и дека имала две сестри кои починале додека биле бебиња.

По двете трагедии нејзините родители не сакале да имаат други деца, но мајка ѝ сепак забременила и ја родила Клара.

snimila-57-filmovi-pa-ja-zatvorile-vo-ustanova-so-shizofrenija-koja-e-prvata-holivudska-it-devojka-06.JPG

Актерката има изјавено дека мајка ѝ ја поминала бременоста многу стресно:

„Не ме сакаше. Постојано се плашела пред да се родам. Дали ќе умре како што велеле докторите? Или, дали ќе умре нејзиното бебе, како претходните две?“

Мајка ѝ на Клара починала во 1923-та, додека таа била многу млада. Имала епилепсија, па Клара била задолжена да се грижи за неа.

Една година пред смртта на мајка ѝ, Клара се соочила со вистинска траума.

snimila-57-filmovi-pa-ja-zatvorile-vo-ustanova-so-shizofrenija-koja-e-prvata-holivudska-it-devojka-09.JPG

Најпрво паднала од прозорец од втор кат и си ја повредила главата, поради што исто како мајка ѝ била дијагностицирана со шизофренија.

Но, истата година таа била силувана од татко ѝ.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...

Најчитани неделава