Ja затвориле во установа со шизофренија: Која е првата холивудска „it девојка“?

Кога, пак, Клара ѝ кажала на мајка ѝ дека сакала да работи во забавната индустрија, таа ѝ се заканила со нож и велела дека ќе ја убие.

Поради овој инцидент, мајка ѝ била затворена во установа, каде и што умрела.

snimila-57-filmovi-pa-ja-zatvorile-vo-ustanova-so-shizofrenija-koja-e-prvata-holivudska-it-devojka-10.JPG

Уште од најрана возраст, Клара имала само една желба – да стане актерка.

„Во многуте часови што ги поминав во кино, отсекогаш гледав внимателно и се чувствував чудно за актерите и актерките на платното. Знаев дека јас ќе одглумев поразлично. Не можев да анализирам, но можев да го почувствувам тоа“; има изјавено Клара.

snimila-57-filmovi-pa-ja-zatvorile-vo-ustanova-so-shizofrenija-koja-e-prvata-holivudska-it-devojka-07.JPG

Во 1921-ва Клара победила на натпревар за актерки каде ја добила првата улога, но на крај нејзините сцени биле исечени.

Сепак, надежната актерка била на постерот на филмот и ова бил доволно за колку-толку да се пробие.

Набрзо потоа почнала да добива улоги, а се појавува и во филмот Wings – првиот кој добива Оскар за најдобар филм.

Актерката се појавила во над 25 филмови, но улогата во немиот филм It е она што ја прави легендарна.

snimila-57-filmovi-pa-ja-zatvorile-vo-ustanova-so-shizofrenija-koja-e-prvata-holivudska-it-devojka-12.JPG

Кога го снимала филмот, Клара веќе била позната како холивудска ѕвезда, но луѓето не можеле да ѝ го запомнат името.

Па, почнале да ја нарекуваат The It Girl (девојката од It).

И, прекарот си останал и потоа продолжил да се користи, сè до денес.

Иако била меѓу најголемите ѕвезди, Клара имала проблеми со менталното здравје, исто како мајка ѝ.

snimila-57-filmovi-pa-ja-zatvorile-vo-ustanova-so-shizofrenija-koja-e-prvata-holivudska-it-devojka-04.JPG

Поради стресот што го чувствувала во Холивуд, во 1931-ва имала нервен слом и отишла во установа.

Потоа во 1944-та, пробала да се самоубие, а неколку години подоцна уште еднаш отишла во институција каде што добивала разни третмани со електрична струја.

На крај, актерката била дијагностицирана со шизофренија.

snimila-57-filmovi-pa-ja-zatvorile-vo-ustanova-so-shizofrenija-koja-e-prvata-holivudska-it-devojka-02.JPG

По првиот престој во установа, Клара се венчала со колегата Рекс Бел и со него добила два сина.

Но, поради проблемите со менталното здравје, речиси и да немала контакт со децата.

snimila-57-filmovi-pa-ja-zatvorile-vo-ustanova-so-shizofrenija-koja-e-prvata-holivudska-it-devojka-05.JPG

На хартија, таа останала во брак со Рекс до неговата смрт, а самата починала околу три години подоцна, во 1965-та, од инфаркт.

snimila-57-filmovi-pa-ja-zatvorile-vo-ustanova-so-shizofrenija-koja-e-prvata-holivudska-it-devojka-11.JPG

Додека да се пензионира, Клара снимила 57 филмови и тоа во период од околу една деценија. Па, денес се верува дека била актерката која работела најмногу, а која била платена најмалку.

Но, останува запомнета како првата холивудска it девојка.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...

Најчитани неделава