Шакира емотивна за разделбата од Пике и „најмрачниот период“, тој ужива во Венеција со љубовницатa
„Некогаш животот е ужасен, но исто така е убав и направен е од светлина и сенки.
Па, му се заблагодарувам на животот за секој момент, и добрите и лошите, и луѓето поради кои сум страдала бидејќи тие станаа учители кои ме научија на многу важни лекции.
Во моето срце секогаш ќе имам благодарност за таткото на моите деца и за тоа што ме претвори во мајката којашто сум денес“, вели Шакира.
Во меѓувреме, Пике ужива со девојка му Клара Чиа, додека се подготвуваат да ја прослават четвртата годишнина.
Иако по разделбата од Шакира фудбалерот пробува да се држи настрана од јавност, особено кога е со Клара, минатата недела тие беа „уловени“ во Венеција.
И двајцата во лежерно издание, беа фотографирани како шетаат низ Венеција, но и како користат такси на вода.
Клара и Пике официјално ја почнаа врската во август 2022-ра, но поверојатно е дека биле заедно долго пред тој да се раздели од Шакира.
Додека Пике никогаш не ја побара Шакира за жена, се шпекулира дека со Клара можеби се и свршени, и тоа уште пред една година.
Сепак, фудбалерот одбива да дава изјави за љубовниот живот, па сè е само шпекулација.
Спирова С. | Црнобело