Детали за новата врска на Џеј Ло со колега + сите нејзини разводи и свршувачки
Иако заедно се појавуваа на настани, се зборуваше дека приватно се разделени и се фокусираат на разводот.
По некое време се дозна дека гласните се вистина, па Џеј Ло поднесе барање за развод кој го финализираа на почетокот од 2003 година.
Бен Афлек
Бен Афлек и Џеј Ло се запознаа на сетот на филмот Gigli, во период кога таа беше во брак со првиот сопруг.
Поради ова има теорија дека Џеј Ло се развела од него поради Бен Афлек и дека го изневерувала. Пејачката го негираше сето ова, но тие сепак почнаа врска.
Во 2002 година, пред да го финализира разводот со Крис, Џеј Ло се сврши со Бен Афлек.
Парот планираше да се венча следната година, но прво ја откажаа свадбата, а во 2004-та ја раскинаа и свршувачката.
Марк Ентони
Џеј Ло и Марк Ентони се познаваат уште од 1990-тите, а кратко по разделбата од Бен, пејачката почна врска со него.
Се свршија по само шест месеци, а се венчаа во јуни 2004 година. Ова е најдолгиот брак на пејачката, а со Марк таа доби и две деца.
Но, до 2011-та тие се разделија и го финализира разводот следната година.
Алекс Родригез
Џеј Ло имаше и долга врска со Алекс Родригез. Почнаа да се гледаат во 2017 година, а во 2019-та тој ја побара за жена.
Но, во периодот кога јавноста очекуваше свадба, тие почнаа да се избегнуваат на настани, за во 2021-ва да ја раскинат свршувачката.
Тогаш и двајцата изјавија дека одлуката е обострана и дека подобро функционирале како пријатели.
Бен Афлек (вторпат)
Речиси 20 години по првата свршувачка, Бен и Џеј Ло повторно почнаа врска.
Само една година подоцна актерот ја запроси пејачката со прстен за кој се зборуваше дека чини дури пет милиони долари.
Се венчаа во Лас Вегас во 2022-ра, а еден месец подоцна направија поголема свадба.
И овој брак не потраја долго – околу година и пол по свадбата, почна да се шпекулира дека имаат проблеми, за во 2024-та Џеј Ло да поднесе барање за развод.
Спирова С. | Црнобело
