Детали за новата врска на Џеј Ло со колега + сите нејзини разводи и свршувачки

Џеј Ло зад себе има четири разводи, а сега ја поврзуваат со колега од нејзиниот нов филм. Го гледала како „помлада и попаметна верзија од Бен Афлек“. Наводно, и Бен Афлек дал благослов бидејќи знаел дека пејачката е среќна само кога е во врска.

site-razvodi-i-svrshuvachki-na-dzhej-lo-i-detali-za-novata-ljubov-so-kolega-01.jpg

Уште откако се раздели од Алекс Родригез јавноста се шегува дека Џеј Ло е колекционер на свршенички прстени.

Познатата пејачка има дури шест свршенички прстени, а зад себе има и четири разводи.

По разводот од Бен Афлек, Џеј Ло немала сериозна врска, но сега ја поврзуваат со колегата од нејзиниот нов филм – Office Romance.

Уште минатата година, кога почна снимањето на филмот, се шпекулираше дека меѓу нив можеби има нешто повеќе.

site-razvodi-i-svrshuvachki-na-dzhej-lo-i-detali-za-novata-ljubov-so-kolega-10.JPG

Тој период, во интервју, актерката беше прашана со кој актер го споделила најубавиот бакнеж пред камера, а таа без двоумење го кажа Бред Голдстин – колегата од новиот филм.

Набрзо потоа, извор за Daily Mail, сподели дека Џеј Ло го гледала Бред како „помлада, попаметна, британска верзија“ од Бен Афлек.

Потоа, друг извор откри дека џеј Ло и Брет разменувале нежности на забавата по завршувањето на снимањето.

А, и самиот Брет бил фасциниран од неа.

site-razvodi-i-svrshuvachki-na-dzhej-lo-i-detali-za-novata-ljubov-so-kolega-09.JPG

Сега, со премиерата на филмот, гласините уште повеќе се разгореа, а извори блиски до Бен Афлек велат дека и тој целосно би ја поддржувал оваа врска.

„Тој не го познава лично, но има пријатели кои го познаваат и тие имаат само добри зборови за Брет.

Ова е доволно за Бен да се радува за неа, бидејќи Џеј Ло функционира многу подобро кога има партнер“.

Доказ дека пејачката веројатно е посреќна кога е во врска се и нејзините шест свршувачки од кои четири резултираа со брак.

site-razvodi-i-svrshuvachki-na-dzhej-lo-i-detali-za-novata-ljubov-so-kolega-08.JPG

Што знаеме за нив?

Оџани Ноа

Во 1997 година, Џеј Ло се венча со првиот сопруг – Оџани Ноа. Кога се запознале, Џеј Ло не знаела шпански, а тој не разбирал англиски, но сепак почнале да се гледаат.

Сепак, нивната љубов не траеше долго – се разделија по само една година.

Подоцна Оџани Ноа откри дека постојано се расправале, но во јавност глумеле дека се среќни. Од разводот тој доби 50.000 долари, но судскиот спор меѓу нив само што почнуваше.

Оџани прво сакаше да издаде книга во која ќе открие сè за врската со Џеј Ло, а потоа сакаше да прави и филм.

Но, пејачката го тужеше и доби повеќе од половина милион долари од него.

site-razvodi-i-svrshuvachki-na-dzhej-lo-i-detali-za-novata-ljubov-so-kolega-02.JPG

Крис Џуд

Џеј Ло и танчарот Крис се запознаа на снимањето на спотот за нејзината песна Love Don’t Cost a Thing во 2000 година.

Се венчаа следната година, но веќе во 2002 година почна да се шпекулира дека имаат многу проблеми.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, ...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg