Беше присилен да открие дека е геј, дечко му умре од СИДА: Животот на Џорџ Мајкл бил како грчка трагедија
- Детали
- недела, 07 јуни 2026
Иако важеше за една од најпознатите личности на светот, околу него имаше доза мистерија. Пејачот криеше дека е геј од страв дека сексуалната ориентација ќе му ја уништи кариерата, во тајност тагуваше за партнерот кој починал од СИДА, страдал од депресија и неколкупати посегнал по својот живот.

Во 1980-тите, британското поп дуо Wham! стана хит преку ноќ. Нивната песна Last Christmas уште се смета за божиќна химна, а денс хитовите како Wake Me Up Before You Go-Go си ги потпевнуваме и денес.
Дуото го сочинуваа Ендру Риџли и незаборавниот Џорџ Мајкл, но до 1986-та тие се разделија.
Џорџ Мајкл сакал да почне да пишува „позрела“ музика, па лансира мошне импресивна музичка кариера.
Иако некогаш важеше за една од најпознатите личности во светот, приватниот живот на Џорџ Мајкл беше обвиен со доза мистерија.
А, зад затворени врати, пејачот бил личност која се соочувала со длабока тага, додека славата и богатството не му биле голема утеха.
И животот на актерот згасна прерано – почина во 2016-та, на само 53-годишна возраст.
Тажни детали од животот на Џорџ Мајкл:
Имал тешко детство
Џорџ Мајкл има грчко потекло – неговиот татко бил Грк од Кипар, додека неговата мајка била Британка.
Роден е во Лондон, каде што и пораснал, а неговиот татко бил сопственик на ресторан.
Поради обврските, татко му ретко бил дома, а самиот пејач има изјавено дека се чувствувал запоставено:
„Во детството никогаш не сум бил пофален за нешто, никогаш не сум бил прегрнат“.
Пејачот од најрана возраст покажувал интерес за музика, а својата прва песна ја напишал на шестгодишна возраст.
Но, од татко му ја криел желбата да стане музичар бидејќи знаел дека нема да добие поддршка
„Смешно е, но татко ми секогаш велеше дека јас не можам да пејам“, има изјавено Џорџ.