Беше присилен да открие дека е геј, дечко му умре од СИДА: Животот на Џорџ Мајкл бил како грчка трагедија
Имаше сериозен проблем со зависност од дрога
Според поранешниот менаџер на Wham!, проблемите со зависност на Џорџ Мајкл почнале подоцна во животот, откако ја лансира соло кариерата.
Но, проблемот брзо ескалирал.
Во 2008 година, пејачот беше и уапсен бидејќи користел кокаин и марихуана во јавен тоалет во Лондон.
За неговата зависност има прозборено и поранешна дечко на пејачот:
„Јас му ја наоѓав дрогата и ја фрлав во тоалетната школка. Беше толку психички отсутен, што мислеше дека ја изгубил“.
Пејачот, пак, призна дека кога зависноста му била најлоша, „преживувал“ само од марихуана и кафе.
Неговиот партнер почина од СИДА
Во интервју од 1998 година, Џорџ Мајкл сподели дека првата врска со маж ја имал на 27-годишна возраст.
Набрзо потоа, сретнал друг маж кој го опиша како „љубовта на неговиот живот“. Но, за жал, оваа врска завршила трагично.
Се запознале на концерт на Wham! во Рио де Жанеиро, а мажот му бил обожавател. Пејачот вели дека му се случила љубов на прв поглед.
„Во моментот кога го погледнав само си помислив дека тој е личност во која ќе се вљубам, а не некој со кој само ќе ја помина ноќта“.
Само два дена подоцна тие почнале врска, но по околу два месеца, саканиот на пејачот се разболел од грип и имал сериозни симптоми.
Бидејќи никако не можел да оздраве, на преглед им го потврдиле најголемиот страв – дека има СИДА.
Во наредните две години, никој од блиските на Мајкл не бил свесен дека неговиот партнер има СИДА, а тој вели дека ова биле најмрачните и најстрашните мигови од неговиот живот.
Околу две години откако ја почнале врската, тој починал.
Бил во депресија поради смртта на мајка му
Додека тагувал за смртта на саканиот, мајката на Џорџ Мајкл била дијагностицирана со агресивна форма на рак и починала по само два месеца.
Бидејќи изгубил две личности што ги сака многу, актерот паднал во депресија.
„Бев скршен по смртта на мајка ми. Немав почувствувано таква депресија. Беше нешто поразлично од тагување.
Тагував за мајка ми, но имаше и нешто повеќе. Ова беше многу мрачен период“, има изјавено пејачот.