Беше присилен да открие дека е геј, дечко му умре од СИДА: Животот на Џорџ Мајкл бил како грчка трагедија
Беше присилен да открие дека е геј
Џорџ Мајкл мошне добро ја криеше својата приватност, особено неговата сексуална ориентација бидејќи тој период ставовите на луѓето беа уште построги.
Тој бил свесен дека ако светот дознае дека е геј, веројатно кариерата ќе му биде уништена.
Но, поради апсење, пејачот беше присилен да го открие овој детаљ.
Околу пет години по смртта на неговиот партнер, Џорџ бил фатен од полиција додека имал секс со маж во јавен тоалет.
Нормално, јавноста дозна за ова, па пејачот реши самиот да ги сподели вестите.
„Сакам да кажам дека не ми пречи тоа што светот знае дека моментално сум во врска со маж. Не сум бил во врска со жена повеќе од десет години“, сподели тогаш.
Неколкупати се предозирал
Џорџ Мајкл никогаш не се ослободил од зависноста од дрога, а трагедиите со коишто се соочувал му ги отежнувале обидите да се откаже.
Извор близок до пејачот има изјавено дека неколкупати се предозирал и го носеле во болница за да го спасуваат:
„Многупати го носевме во болница со брза помош. Користеше хероин. Мислам дека е чудо што одживеа и толку долго“.
Почина на 53-годишна возраст
Џорџ Мајкл го издаде својот последен соло хит во 2012-та, а потоа се повлече од јавниот живот.
Почина во 2016 година, на 25-ти декември, односно на католичкиот Божиќ.
Неколку месеци подоцна беше објавено дека починал поради проблеми со срцето и црниот дроб.
Неколкупати пробал да изврши самоубиство
Депресијата и проблемите со менталното здравје одбележале голем дел од животот на Џорџ Мајкл.
Поради ова, неговиот последен романтичен партнер не веруваше дека пејачот умрел од здравствени проблеми туку дека посегнал по својот живот.
„Џорџ умре на денот на роденденот на неговата мајка, па тоа може да ви одговори неколку прашања“, изјави тој.
Тој додаде и дека додека биле заедно од 2012 до 2016-та, пејачот неколкупати пробал да си го одземе животот.
Иако причината за смртта беше потврдена официјално, фактот што Џорџ неколкупати посегнал по својот живот покажува во колку лоша состојба бил.
Спирова С. | Црнобело