Том Круз флертува со Викторија Бекам, додека Дејвид држи говор – ѝ ја бакнува раката, таа се смешка (видео)
- Детали
- вторник, 16 јуни 2026
Минатата недела, Дејвид Бекам доби своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, а меѓу присутните на церемонијата беше и Том Круз. Додека фудбалерот држеше говор, Том ѝ ја бакна раката на Викторија, а таа му се насмевна и почна да се шпекулира дека всушност флертувале и меѓу нив можеби има или некогаш имало нешто.

Во светот на шоу-бизнисот, Дејвид и Викторија Бекам се пример за успешен и среќен пар.
Заедно се повеќе од две децении, се поддржуваат и во најтешките моменти, а кога се во јавност, очигледно е дека искрата меѓу нив е далеку од згасната.
Но, снимка од неодамнешен настан ги разгоре гласините дека можеби и во нивниот брак не е сè така розово.
На 12-ти јуни, Дејвид Бекам доби своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, а меѓу присутните на церемонијата беше и Викторија.
Присуствуваа и други славни личности кои се блиски пријатели со Бекамови, а до Викторија седеше актерот Том Круз.
И, додека Дејвид го држеше својот говор, Том нежно ја допре на рамото, а таа му се насмевна и му ја фати дланката.
Потоа тој ѝ ја бакна дланката, а Викторија се сврте кон него со уште една насмевка, по што двајцата продолжија да го слушаат говорот.
Додека некои сметаат дека ова е само гест на поддршка од страна на добар пријател, некои го протолкуваа целиот момент како флерт меѓу Том и Викторија.
Видеото вирално се споделува на Твитер и има над 16 милиони прегледи, а во описот на една од објавите пишува:
„Секој маж го знае погледот што Викторија Бекам му го упати на Том Круз“.
Во коментари на објавата, некои пишуваат дека се уверени дека меѓу Том и Викторија има нешто – ако не сега, тогаш во минатото.
„Ако Дејвид така фати некоја жена за рака, ќе треба да спие надвор“.
„Зошто би ја фатил за рака и би ја бакнал така? Јас не го правам ова со моите пријателки“.
„Не знам што се случува, но не ми изгледа во ред“.
„Ова не е поглед, ова е цела порака“.