Том Круз флертува со Викторија Бекам, додека Дејвид држи говор – ѝ ја бакнува раката, таа се смешка (видео)
Некои коментираат и дека за миг се гледа изразот на синот на Бекамови кој седи до Том и наводно не делува среќно за флертот.
Сепак, други инсистираат дека Том е само многу добар пријател на Бекамови и сите гласини се бесмислени.
„Престанете. Том држеше говор на церемонијата на Дејвид. Бекамови го крстија син им Круз во чест на нивното пријателство со Том“.
„Зошто сите зборуваат за ова? Зарем не се блиски семејни пријатели?“
„Со децении се блиски пријатели“.
Бекамови и Том Круз навистина се пријатели со децении, а почнале да се дружат во средината на 2000-тите, кога Дејвид и Викторија се преселија во Лос Анџелес.
Извор близок до Том, пак, вели дека тој сега се надевал дека Дејвид и Викторија ќе му помогнат да најде љубов.
„Периодов Том минува повеќе време во Америка, но ја сака Англија. Вљубен е во секој детаљ од нивната култура, па сака да си најде англиска дама“.
Изворот додава дека актерот бил подготвен за љубов по раскинувањето со Ана де Армас и иако имал неколку кратки врски, сепак не ја нашол вистинската.
„Сега се потпира на Дејвид да му најде нова љубов, а и Викторија помага“.
Според изворот, Том имал и „строги критериуми“:
„Идеалната девојка треба да потекнува од добро семејство и да биде во доцните 20-ти или раните 30-ти години.
На Том му е важна и поврзаноста со кралското семејство бидејќи сега е посветен на зацврстување на пријателството со принцот Вилијам и принцезата Кејт“.
И во минатото имало ситуации кога Дејвид му помагал на Том да најде љубов, па наводно актерот бил пресреќен што повторно се во иста положба.
„Том е пресреќен што уште го има истиот пријател, а подготвен е и да инвестира во некои од неговите бизниси. Но, главниот приоритет е да ја најдат вистинската за него“.
Спирова С. | Црнобело