Блејк Лајвли со мрсна коса и бизарен аутфит на шопинг, откако другарка ѝ Тејлор Свифт не ја покани на моминска забава (фото)
- Детали
- понеделник, 22 јуни 2026
Додека нејзината некогашна најдобра пријателка прави моминска забава, Блејк Лајвли беше фотографирана сама во Њујорк, во неуредно издание и навистина чуден аутфит. НО, се шпекулира дека другарка ѝ Тејлор сепак ја поканила на свадба, и покрај караницата.

По спогодбата со Џастин Балдони, Блејк Лајвли уште работи на својата репутација, но изгледа не може да го поправи односот со некои од нејзините најблиски пријателки, како Тејлор Свифт.
Притоа, периодов актерката честопати се појавува во неуредно издание – нешто што претходно не беше својствено за неа.
Последно 38-годишната Блејк беше забележана како пазари во Њујорк, сама, во навистина чуден аутфит.
Блејк носеше фармерки, фустан, тексас јакна и бели патики, а косата ѝ беше собрана во пунџа со шнола и делуваше мрсно.
Актерката беше фотографирана викендов, кога Тејлор Свифт правела моминска забава во вила.
Тејлор се подготвува за свадбата со рагбистот Тревис Келце, а иако наводно го подобриле односот со Блејк, сепак не ја поканила на забавата.
Некогаш неразделни, Тејлор и Блејк се оддалечија минатата година поради судската битка на Блејк.
Тејлор беше вовлечена во целата драма бидејќи адвокатскиот тим на Џастин Балдони почна да споделува пораки и мејлови помеѓу неа и Блејк.
Поради целата ситуација, Тејлор се чувствувала „експлоатирано“, па затоа реши да се дистанцира од Блејк.
Иако односот меѓу двете ѕвезди уште не бил поправен, според изворите, Тејлор сепак ја поканила на свадбата.
Деталите околу свадбата на Тејлор се чуваат во тајност и засега не е познат ни датумот.
Некои шпекулираат дека таа и Тревис веќе се венчале, но други извори велат дека прославата ќе се одржи на трети јули.
Што се однесува до моминската забава, Тејлор нема споделено апсолутно ништо, но таблоидот TMZ сподели матни папарацо фотки за кои се верува дека се од прославата.
Спирова С. | Црнобело