Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот
- Детали
- петок, 26 јуни 2026
Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики Рурк престојува во хотел. Неодамна, пак, предизвика загиженост со неговиот изглед – актерот носеше валкан блузон, а на фотките се гледа дека нема ни заби.

Некогаш Мики Рурк важеше за најсексапилниот актер, но денес поранешната холивудска ѕвезда се соочува само со проблеми и контроверзии.
73-годишниот Мики, кој воедно беше и професионален боксер, неодамна беше забележан во Лос Анџелес, а неговиот изглед беше дури загрижувачки.
Мики носеше блузон кој изгледа валкано, а на дел од папарацо фотките се гледа дека нема заби.
На фотките изгледа и како да е извалкан на лицето, а пробуваше да се скрие зад големи очила.
Изминативе неколку месеци се особено тешки за актерот кој кон крајот на 2025-та беше избркан од неговиот дом бидејќи должел речиси 60.000 долари за кирија.
Тој период негов портпарол сподели дека актерот престанал да плаќа кирија бидејќи „условите за живот во куќата станаа неприфатливи“.
Набрзо потоа, асистентката на неговиот менаџер започна кампања на GoFundMe, а фановите кои уште го сакаат актерот мошне брзо донираа дури 100.000 долари за да му помогнат.
Сепак, актерот ги одби парите и истакна дека за него кампањата за донации била „сурово посрамотување“.
Истовремено, се огласи преку неговиот портпарол споделувајќи повеќе детали за куќата од којашто беше избркан.