Кара Делевињ ја призна аферата со Амбер Херд – суптилно потврди и дека заедно спиеле со Илон Маск
- Детали
- среда, 01 јули 2026
„Долг период бевме блиски, а меѓу нас се случи нешто повеќе додека Амбер и Џони Деп минуваа низ развод. Мислам дека Џони полудуваше од љубомора“, сподели Кара Делевињ шест години по гласините дека имала афера со Амбер, но и дека двете жени заедно спиеле со милијардерот Илон Маск.

Кога судењето на Амбер Херд и Џони Деп беше во полн ек, се откри дека актерката спиела со Кара Делевињ, но и дека еднаш имале секс во тројка со Илон Маск.
Овие информации беа откриени од изјава на сведок пред судењето, а некои извори зборуваа дека сосема можно е и Кара да биде повикана и како сведок.
Кара не се појави на суд, а Илон Маск остро ги негираше гласините, но сега, шест години подоцна, манекенката реши да даде кратка изјава за целата ситуација.
Џони Деп и Амбер се разделија во 2017-та, а дотогаш Кара и Амбер беа многу блиски – нешто што го потврди и самата манекенка.
Таа вели дека уште повеќе се зближиле додека траел процесот на развод на Џони и Амбер и тој период нивната врска станала и романтична.
„Долг период бевме блиски, а меѓу нив се случи нешто повеќе додека Амбер и Џони Деп минуваа низ развод“.
Кара истакнува и дека Џони Деп бил љубоморен на нивниот однос, дури и кога биле само пријателки.
„Мислам дека полудуваше од љубомора. Но, тој период меѓу нас не се случуваше ништо романтично“.
Првите гласини за Амбер и Кара се појавија уште во 2016-та, само една година откако актерката се венча со Џони Деп, но тогаш и двете одбиваа да ги коментираат.