Што знаеме за раскошната (и таинствена) свадба на Тејлор Свифт што ќе се одржи викендов?
„Имаат вештачка трева, теписи, поставена е бина… Никогаш не сум ја видел арената да изгледа вака“, споделува извор за магазинот People кој вели дека целата арена била трансформирана преку ноќ.
Како доказ дека свадбата е викендов се и фотки од вработените на Тејлор и Тревис.
На пример, стилистот на рагбистот се пофали дека пристигнал во Њујорк на први јули.
Очевидците споделија дека мајката на Тревис пристигнала во Њујорк, а потоа и брат му.
Вчера, пак, Тејлор беше забележана како пристигнува во арената за пробната вечера. Сепак, на фотките се гледа само автомобилот на пејачката, а не и таа.
Селена Гомез вчера сподели фотка на Инстаграм Стори која се верува дека е направена додека оди во арената на пробната вечра на славниот пар.
Откако пристигнаа гостите, однадвор арената беше осветлена во розово.
Потоа беа забележани и други ѕвезди како пристигнуваат во арената, како Адам Сендлер, Греам Нортон, Ед Ширан, Џиџи Хадид и Бредли Купер.
30-тина минути по полноќ, автомобилот со кој пристигнаа Тејлор и Тревис беше фотографиран како ја напушта арената, па се претпоставува дека тогаш завршила прославата.
Најдоцна до утре се очекуваат повеќе информации, а можеби и некоја фотка од главната прослава.
Кога ќе се земе предвид целата таинственост, се очекува гостите да потпишат согласност за молчење за целиот настан.
TMZ споделува и дека полицајците кои ќе го обезбедуваат настанот нема да смеат да носат телефони со себе, за да не протече ниту една фотка во јавност.
Тревис и Тејлор, пак, се очекува да потпишат предбрачен договор бидејќи богатството на рагбистот изнесува 90 милиони долари, но пејачката „тежи“ околу 2 милијарди.
Во чест на големиот ден, Тејлор и Тревис донираа 20 милиони долари во 20 добротворни организации низ САД.
Спирова С. | Црнобело