„Има шизофренија и биполарно нарушување“: Се огласи таткото на тинејџерската ѕвезда Тејлор Чејс што денес е бездомник
- Детали
- четврток, 25 декември 2025
„Пред околу четири години добиваше терапија. Иако имаше прогрес, подоцна одлучи да прекине со терапијата, а продолжи да користи дрога“, открива таткото му на Тејлор Чејс, актерот кој беше ѕвезда во тинејџерските години, но денес живее на улица.

Актерот Тејлор Чејс, кој во раните 2000-ти важеше за тинејџерска ѕвезда, денес е бездомник.
Деновиве вирално се споделуваат видеа од него на кои е јасно дека состојбата му е загрижувачка.
Тејлор глумеше во популарна серија на Nickelodeon, а поранешен колега од серијата му понуди помош.
Иако Тејлор одбивал помош од полицијата, прифатил колегата актер да му изнајми хотелска соба, барем за празниците.
Јавноста се прашуваше каде е семејството на 36-годишниот Тејлор, па сега за Daily Mail се огласи неговиот татко.
Таткот на Тејлор, Џозеф Мендез, открива дека актерот има сериозни проблеми со менталното здравје уште од 2015 година.
„Тој е прекрасна личност кога е Тејлор. Повеќе од една деценија, баравме опции за лекување за Тејлор, вклучително и поддршка за зависност од дрога и психијатриско советување.
Покрај неговата зависност, Тејлор е дијагностициран со биполарно нарушување и шизофренија кои бараат постојан медицински третман“.
Џозеф додава дека иако бил на рехабилитација во 2021-ва, состојбата не му се подобрила.
„Пред околу четири години, добиваше терапија во Џорџија. Иако имаше прогрес, подоцна одлучи да прекине со терапијата, а продолжи да користи дрога.
Неодамна, Тејлор се врати во Калифорнија за да биде со мајка му, со надеж дека ќе ја стабилизира ситуацијата. Но, и покрај тоа што добива поддршка од неа, одбива да оди на терапија и да добива помош“.
Како што веќе спомнавме, полицијата сподели дека знаеле за Тејлор, но тој не сакал помош за сместување или за неговата зависност.
Џозеф откри и дека зборувал со поранешен колега на актерот – Шон Вајс – кој неодамна изјави дека ќе се обиде да го однесе Тејлор на рехабилитација.
Шон Вајс самиот имал проблеми со зависност кои сега ги надминал, па сакал да му помогне и на својот колега.
„Зборував со Шон Вајс и соработуваме со надеж дека ќе му помогнеме на Тејлор. Блиските пробуваат да му помогнат со години, но тој мора да сака да ја прифати помошта.
Семејството и пријателите многу го сакаат Тејлор и се молат дека ќе ја прифати нивната помош“.
На последните фотки од Тејлор, тој уште е во загрижувачка состојба. Фотографиран е додека пуши цигара, а облеката му е извалкана и искината.
Од Daily Mail успеале да поразговараат со Тејлор кој им кажал дека пие неколку разни седативи кои наводно ги добил од психијатар.
Но, негирал дека има сериозни проблеми со менталното здравје.
Открил и дека честопати се гледал со мајка му, како и дека е благодарен за храната и облеката што ги добива од луѓето.
Мајката на Тејлор
За крај, Тејлор спомнал дека сакал да го види и татко му.
Прочитајте повеќе: Беше тинејџерска ѕвезда, сега е бездомник: Како актерот Тејлор Чејс заврши на улица (и зошто блиските не му помагаат)?
Спирова С. | Црнобело