Ја освои преку поткаст: Љубовната приказна на Тејлор Свифт и Тревис Келси + детали за свршувачката
- Детали
- среда, 27 август 2025
Тревис Келси сакал да ја запознае Тејлор по нејзин концерт, но немал можност. Па, за да ѝ го привлече вниманието, зборуваше за неа во поткаст и очигледно успеал бидејќи набрзо потоа пејачката беше фотографирана на негов рагби натпревар.

Несомнено, Тејлор Свифт е најпознатата пејачка на денешницата, но и една од најбогатите.
Со низа успешни албуми и уште поуспешни турнеи, како и цела армија фанови од целиот свет, моментално Тејлор е едно од најголемите имиња во музичката индустрија, но и поп културата воопшто.
Па, не е изненадување што нејзината врска со рагбистот Тревис Келси постојано е под лупата на јавноста.
По околу две години заедно, вчера Тејлор и Тревис споделија дека се свршиле, иако не го открија точниот датум на свршувачката.
Нo, извори блиски до парот веќе открија детали од запросувањето.
35-годишната пејачка и 35-годишниот рагбист ги споделија убавите вести со објава на Инстаграм, која веќе има над 25 милион лајкови.
На волшебните фотки, Тејлор и Тревис позираат опкружени со многу цвеќе, а на една фотографија се гледа и големиот свршенички прстен.
„Тревис сè испланира сам и долго време го планираше целото запросување“, открива извор за Daily Mail.
„Сакаше традиционално запросување – тој да го избере прстенот и тој да ја побара за жена. Според она што ми го кажа Тревис, и Тејлор сакала традиционална свршувачка, сакала тој да го преземе водството“.
Пријателите на парот биле сигурни дека Тревис и Тејлор ќе се свршат.
„Тревис буквално кажуваше дека таа ќе биде девојката со којашто ќе се венча. Го кажува тоа уште од почетокот.
Велеше дека тој ќе биде нејзината друга половина, а пријателите на шега го нарекуваа и господин Тејлор Свифт“.
Рагбистот толку многу сакал да следи традиции, што најпрво побарал дозвола од родителите на пејачката.
„За него беше многу важно да побара дозвола бидејќи сакаше сите да бидат вклучени. За него ова беше сон, а знаеше и дека Тејлор отсекогаш сакала да се венча“.
И неговите, и родителите на Тејлор дале благослов за свршувачката пред Тревис да клекне на колено.
„Мајка му на Тревис е пресреќна и вели дека сите во семејството ја сакаат Тејлор. И двете семејства се сакаат и се почитуваат и сите знаеја дека следи свршувачка. Иако Тејлор не знаеше ништо, сите околу нив знаеја“.
Според изворите, Тревис побарал помош од пријателите за да го организира запросувањето.
„Романтичен е, па секојпат кога некој пријател ќе се свршеше, го прашуваше за детали. Ние, пак, се шегувавме со него, го прашувавме дали идеите му се за неговиот Pinterest профил“.
Друг извор открива дека Тревис ја запросил Тејлор пред околу две недели, но сепак не се знае точниот датум.
Што се однесува до свадбата, Тејлор веќе имала многу идеи. Но, и Тревис сакал да биде вклучен во планирањето.
„Ако постои маж кој има цел планер за неговата свадба, тоа дефинитивно е Тревис. Ќе ја направат свадбата на векот“.
Иако блиските го очекувале запросувањето, биле изненадени што се случило пред новата рагби сезона.
„Сите очекува да ја запроси по завршувањето на сезоната. Но, Тревис веќе не можеше да чека, не можеше да се воздржи“.
Што се однесува до прстенот, парот нема откриено ништо, но за американските медиуми, неколку експерти го споделија своето мислење.
Се претпоставува дека прстенот има 8-каратен дијамант кој е исечен со стара техника, поради што веројатно и самиот дијамант е многу стар. Експертите велат дека ова го прави редок, а со тоа и многу поскап.
Поради самиот дијамант, но и прстенот кој е направен од злато, експертите проценуваат дека Тревис потрошил и до пет милиони долари.
Некои експерти истакнуваат и дека ваквите дијаманти се вистинска реткост, а поради начинот на кој биле ископувани, секогаш се уникатни.