Ја освои преку поткаст: Љубовната приказна на Тејлор Свифт и Тревис Келси + детали за свршувачката
Тревис се надевал дека ќе ја сретне Тејлор кога пејачката настапувала на стадионот Arrowhead.
Тревис присуствувал на концертот и сакал да ја запознае, а бидејќи му се допаѓала, сакал да ѝ подари нараквица на која го пишувало неговиот број.
Но, по секој концерт, Тејлор избегнува средби, па Тревис немал можност да ја види.
„Не сакаше да се сретне со никого (по концертот) или можеби не сакаше да се сретне со мене, па јас ова си го сфатив лично“, откри подоцна Тревис во поткаст.
Бидејќи зборуваше за Тејлор, поткастот допрел до пејачката, па ова ѝ го привлекло вниманието.
Тревис, пак, не се откажувал и до септември истата година, веќе беа пар.
Тој период Тејлор почна да ги посетува натпреварите на Тревис, а новата романса привлекуваше толку многу внимание, што неретко фокусот беше на пејачката, а не на самиот натпревар.
Иако на почетокот не ја откриваа врската, фановите на Тејлор веднаш ги поврзаа точките. Подоцна и Тејлор откри дека кога првпат отишла на негов натпревар, веќе биле во врска.
Набрзо потоа, Тревис и Тејлор не ни пробува да ја скријат врската, па почнаа заедно да се појавуваат на настани, да излегуваат по ресторани и да одат на одмори.
Во двете години што се заедно, постојано се поддржуваа еден со друг – Тејлор речиси и да не пропушта натпревар на саканиот, додека Тревис неколкупати беше на нејзини концерт, а еднаш дури се качи и на сцена со неа.
Настрана од скандали и видно вљубени, Тејлор и Тревис ги убедија фановите дека свршувачката е само прашање на време.
Сега, останува само да го закажат датумот за свадбата.
Спирова С. | Црнобело