Инфлуенсерката Нара Смит емотивна: Ѝ ја избричи главата на нејзината ќерка (2), по дијагнозата за рак
Потоа Нара сподели уште една објава, со која откри дека косата на девојчето почнала да паѓа, па со сопругот решиле да ѝ ја избричат.
„Одлуката да споделам нешто толку ранливо не беше лесна, но тоа што ја видов секоја порака, молитва, приказна за слично искуство и добрина ја направи малку полесна.
До секое семејство или родител кој минува низ нешто тешко, мислиме на вас“, стои во описот.
На првата фотка се гледа глават на девојчето украсена со лепенки како скапоцени камења, а на друга се гледа и избричената коса.
Нара е во брак со 28-годишниот модел Лаки Блу Смит, а пред да го добијат четврто дете рекоа дека не планираат да имаат уште деца.
Во заедничко интервју, Лаки сподели:
„Имаме три деца, па заврши со тоа“.
Сепак, потоа Лаки ѝ рече на Нара:
„Сакаше шест деца. Кога првпат се сретнавме, рече дека сакаш шест“.
Нара имаше само 19 години кога го добија првото дете и иако беше критикувана, рече дека сакала да биде млада мајка.
„Излезе одлично. Многу сакам да сум млада мајка. Сакам да го изградам мојот живот со децата, наместо да ги интегрирам во мојот живот подоцна“.
На профилот на Нара доминираат објави од нејзиното секојдневие како мајка „домаќинка“, а препознатлива е и со видеата со готвење каде што не користи ништо однапред приготвено, но и на кои носи раскошна облека.
Иако популарност на Инстаграм ѝ донесе богатство, Нара има зборувано за негативната страна на работат како инфлуенсерка.
Вели дека критиките ја погодувале, особено кога се насочени кој нејзините деца.
Спирова С. | Црнобело