Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд и саканата Изабел
- Детали
- четврток, 09 јули 2026
„Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќавам. Изабел прва ми испрати порака, таа „фрли око“ на мене, не обратно“, вели норвешкиот фудбалер, кој е во врска со саканата уште пред да стане славен.

Норвешката фудбалска ѕвезда Ерлинг Халанд (25) и Изабел Хаугсенг Јохансен (22), се во врска од 2021 година. Парот не ја крие својата љубов, која ја крунисаа со раѓањето на детето во 2024-та година.
Иако се сакаат, тие не се во брак и не сакаат да зборуваат многу на оваа тема.
Но, нивната љубовна приказна е во центарот на вниманието на светската јавност, откако Ерлинг „го исфрли“ неколкукратниот шампион Бразил од светското првенство и ја внесе Норвешка во следната фаза од натпреварувањето.

Што знаеме за љубовната приказна на норвешката суперѕвезда?
Ерлин и Изабел се родени и пораснале во Брине, гратче на југозападот од Норвешка, кое има околу 12.000 жители, но е познато и по тоа што е место „кое создава фудбалски таленти“.
Токму таму, ѕвездата на Манчестер Сити, и неговата сакана почнаа да се гледаат.
Двајцата биле членови на ФК Брине, па минатат година во едно интервју дадено за Јутјуб, парот призна дека имаат различни сеќавања од тие денови.
„Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќавам“, признал Халанд.

Изабел, пак рекла дека верува дека нивната средба била „судбина“ и дека пред средбата со Ерлинг неа ѝ се допаѓал негов пријател.
„Го познавав само твојот најдобар пријател и ми се допаѓаше, но кога те видов, се предомислив“, рекла таа минатата година.

Пред да стане позната како партнерка на Халанд, Изабел била позната во Норвешка како одлилна фудбалерка.
Својот исклучителен талент за овој спорт го покажала од рана возраст. Но, поради талентот, своето деби за сениорскиот женски тим на Норвешка го имаше на само 13 години.

Додека играше за репрезентацијата постигна 23 гола на 36 натпревари. Нејзин најголем квалитет е неверојатната брзина.
„Да бидам искрена, не бев најдобра со дриблинг и такви работи. Повеќе се потпирав на брзината. Само трчав“, рекла таа.
