Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд и саканата Изабел
Но, во времето на пандемијата, нејзината мотивација почнала да опаѓа.
А кога остана бремена, реши засекогаш да го остави професионалниот фудбал и да се посвети на семејството.

За нивната врска се знае дека почнала околу 2021 година, а според Халанд, таа го направила првиот чекор.
„Таа прва ми испрати порака. Играше во истиот клуб како и јас.
Таа беше таа што „фрли око“ на мене, не обратно“, рекол Халанд во едно интервју.

Двојката ја држеше својата врска подалеку од очите на јавноста долго време.
Дури две години подоцна, во 2023 кога беа заедно на одмор во вилата на Халанд во Марбеља и на церемонијата за доделување на Златната топка, ги потврдија шпекулациите.
И покрај славата на Халанд, тие успеваат да ја задржат својата приватност.

Не сакаат да се појавуваат на големи настани, туку преферираат мирни вечери дома, готвење, па дури и играње видео игри.
„Јас готвам. Ова веројатно ќе звучи малку непријатно за неа, но таа сака да игра игри“, открил Халанд.
Најголемата пресвртница во нивните животи се случи во декември 2024 година, кога добија син.

Според експертите оваа нова улога не само што ја зајакна нивната врска, туку, имаше и неочекувано позитивно влијание врз играта на Халанд. А тој го потврди тоа во разговор за Associated Press.
„Можеш да бидеш физички подготвен, но мора да бидеш и ментално подготвен. И да бидам искрен, детето ме прави уште подобар затоа што всушност се исклучувам повеќе од кога било досега,“ рекол тој и објаснил дека враќањето дома и поминувањето време со синот му овозможуваат да направи целосна пауза од фудбалот.

Изабел, пак, има повеќе од 715.000 илјади следбеници на Инстаграм, и повремено споделува фотки од својот живот, но и поддршка на Халанд и семејните моменти.
Таа работи во бутик, а позната е по тоа што ги комбинира своите луксузни чанти со фудбалските дресови што ги носи на натпреварите.
„Сакам да го заштитам моето семејство, но во исто време сакам луѓето да имаат можност да ме запознаат и да откријат која сум“.

А. Ј. | Црнобело