Бред Пит (62) и Инес (33) вљубени на свадбата на Тејлор Свифт – девојка му го подмлади, но не му се ризикува со уште еден брак
- Детали
- вторник, 07 јули 2026
По четири години заедно, Бред Пит и Инес де Рамон првпат споделија заеднички фотки на Инстаграм. На актерот очигледно му годи помладата девојка бидејќи изгледа одлично и во седмата деценија од животот. Но, сепак, не планирал да ризикува со уште еден брак, без разлика што Инес веќе била како дел од неговото семејство.

Бред Пит и Инес де Рамон се заедно уште од 2022 година, но освен папарацо фотките, самите немаат споделено заедничка фотографија.
62-годишниот актер не е ни активен на социјалните мрежи, додека Инес нема објавено апсолутно ништо со него.
Како пар, тие се немаат појавено ни на профилите на нивните пријатели, сè досега.
Во понеделникот (06.07) стилистката Лори Занолети која соработува со парот сподели неколку фотографии од нив, и тоа од свадбата на Тејлор Свифт.
Објавата ја сподели и самата Инес.
Тејлор и Тревис се венчаа минатиот викенд во Њујорк, а Бред и Инес беа дел од раскошната прослава.
За пригодата, Бред носеше црн костум со бела кошула и очила за сонце, додека Инес одбрала елегантен долг црн фустан од тантела.
Иако е веќе во седмата деценија од животот, Бред изгледа навистина добро и 33-годишната девојка очигледно му годи и го подмладува.